Media & Marketing Blog

МРТ Блог

Лани на мала врата во еден пост го спомнав блогот на МРТ, но еве сега се сетив дека треба на овој потег да му посветам цел пост.

Претпоставувам, по „вина” на Јован, сега дел од вработените во МРТ на располагање имаат една нова платформа каде можат да ги изразуваат своите ставови. Браво за сите кои се решиле да бидат активни и да се приклучат кон современите текови.

Во МРТ блог е замислено да пишуваат свои „колумни“ автори од различни области и автори за кои ќе процениме дека имаат што да кажат и дека би ја зголемиле посетеноста на МРТ порталот. Значи за разлика од востановената практика дека секој може да отвори свој блог, во случајот на МРТ блог би се правела една селекција на автори, односно ќе постои начин на пријавување желба за пишување на МРТ блогот, а редакцијата ќе го прифати или не авторот. …МРТ блог

И за крај една добронамерна критика, т.е. совет: за да еден ваков блог да биде успешен и прифатен од публиката (блогосферата) потребно е убаво подготвување на стратегијата што точно тој блог ќе објавува како своја содржина, како ќе се вклопи во заедницата, по што ќе биде различен од останатите страници на сајтот и ред други работи.

Во светот има многу позитивни но и многу негативни примери од кои може да се учи. Да се надеваме дека овој прв медумски блог во МК ќе биде позитивен пример, иако од првите неколку постови не е баш на чисто со својата концепција 😉

Еве и ден линк од пост кој штотуку го најдов и прочитав: Five tests for newspaper blogs

3 коментари на “МРТ Блог”

  1. sead93

    Selektivnosta mislam deka povekje ke mu nasteti otkolku sto ke mu pomogne vo dobronamernoto filtritanje na kvalitetot na ovoj blog. Mislam deka toa ja utnuva poentata na blogot i negovata decentraliziracka logika. Znaci mislam, ne tvrdam, ke vidime.

  2. darko156

    Работата е што блогот по некоја логика (најчесто) обработува една или неколку сродни теми, а не еден куп различни.

    Мојот прв совет за блогот на мтв би бил всушност да имаат повеќе блогови, секој автор посебно, или групирани по сродни теми.

    Не сакам јас да читам коментари и за музиkа и за политика и за хумор на едно место 😉

  3. Anonymous

    И аз мисля, че блоговете трябва да са профилирани. Давам пример и с моя блог. Поздрави!

Коментарите се затворени.