МРТ Блог

Лани на мала врата во еден пост го спомнав блогот на МРТ, но еве сега се сетив дека треба на овој потег да му посветам цел пост.

Претпоставувам, по „вина” на Јован, сега дел од вработените во МРТ на располагање имаат една нова платформа каде можат да ги изразуваат своите ставови. Браво за сите кои се решиле да бидат активни и да се приклучат кон современите текови.

Во МРТ блог е замислено да пишуваат свои „колумни“ автори од различни области и автори за кои ќе процениме дека имаат што да кажат и дека би ја зголемиле посетеноста на МРТ порталот. Значи за разлика од востановената практика дека секој може да отвори свој блог, во случајот на МРТ блог би се правела една селекција на автори, односно ќе постои начин на пријавување желба за пишување на МРТ блогот, а редакцијата ќе го прифати или не авторот. …МРТ блог

И за крај една добронамерна критика, т.е. совет: за да еден ваков блог да биде успешен и прифатен од публиката (блогосферата) потребно е убаво подготвување на стратегијата што точно тој блог ќе објавува како своја содржина, како ќе се вклопи во заедницата, по што ќе биде различен од останатите страници на сајтот и ред други работи.

Во светот има многу позитивни но и многу негативни примери од кои може да се учи. Да се надеваме дека овој прв медумски блог во МК ќе биде позитивен пример, иако од првите неколку постови не е баш на чисто со својата концепција ;)

Еве и ден линк од пост кој штотуку го најдов и прочитав: Five tests for newspaper blogs


Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тешка музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in Blogosphere, МБЗ - Local Blogosphere, Local. Bookmark the permalink.

3 коментари на "МРТ Блог"

Коментирај!