Пред петнаесетина дена објавив пост со истражувањето на Forrester Research за блоговите во Европа. (Bloggers can break a brand in less than a day)
Фокусот на ова истажување беше бизнисот и блоговите. Денес на SlideShare (сервис кој го открив неодамна) беше поставена една презентација направена врз основа на едно друго истажување изработено од Ipsos. И ова истражување имало за цел да ја истражи директната релација меѓу блоговите и бизнисот во Европа.
Мене ми се виде интересна, повелете погледнете ја и посветете малку повеќе внимание на слајдовите каде се спомнува доверба.
Сторијата можете да ја најдете и тука: The Business Impact Of Blogs, PDF од презентацијата (1.6 MB) тука, и видео клип со дел од испитаниците низ улиците на Лондон (mpg 17.5 MB) тука.
Од Komunikacii » Корпорацијата го возвраќа ударот или „Водич против блогери“ 4 January, 2007 - 3:33 pm
[...] Да ја употребам најпрекалената фраза од македонската дијалошка сцена, па ете во духот на тоа ќе „се надоврзам“ на двата поста на Дарко (пост 1, пост 2), а се во врска со блогерите и бизнисот. Останува на искрениот читател да процени дали на постов/текстов ќе му пријде со намери од типот „запознај го подобро непријателот“ или пак ќе сака да придонесе во „дијалогот на општествено релевантни теми од сферата на новите медиуми“. [...]