Chuck Norris for (Vice) President!

Добро, кога се мора, се мора…Значи откако мејнстрим медиумите (уште еднаш, и тоа по кој знае пат) не успеаја да ја пласираат веста на денот, повторно ќе мора блог-герилата да придојде во помош и да го направи тоа наместо оние кои се платени да го прават тоа!

Рубриката е Свет, темата е трката за претседателски кандидати на двете американски партии, а контекстот е Барак Обама (Barrack Obama) од Демократската партија и Мајк Хакаби (Mike Huckabee) од Републиканската партија на САД, на прилично изненадување на тамошната јавност, однесоа победи во една од предизборните трки во Ајова.

Ако за победата на Обама постојат повеќе интерпретации, тогаш за онаа на Хакаби нема дилеми, причината зад неа е една и единствена, дами и господа, Чак Норис (say no more).

untitled2.JPG

Нејасно е како медиумите пропуштија да информираат за подршката на Чак Норис за Хакаби. Како и да е, со ова мислам дека победникот на следните претседателски избори во САД е веќе решен, а нашите стравови од можна победа на Демократите, а со нив и на грчкото лоби во САД стануваат потполно беспредметни и целосно разрешени.

Во продолжение дел од предизборните ветувања, пардон одлуки, на Чак Норис во ресорите блиски до нас:

-Чак Норис ќе ги укине Ctrl копчињата на сите компјутери, бидејќи тој ќе биде во целосна контрола над сé.

-Чак Норис ќе го тужи MySpace за авторски права за употреба на терминот кој тој уште од ’46-а го употребува за планетава.

-Apple ќе почне да му исплаќа на Чак Норис по 99 центи за секоја песна што тој ќе ја спушти на својот I-Pod.

-Гугл нема да смее да дава резултати за пребарувања за Чак Норис.

-Ќе го укине Microsoft и ќе го стандардизира својот личен оперативен систем MegaHard.

-Ќе го укине мајмунчето од емаил адресите и ќе го замени со своја лична икона.

-Ќе ја укине Теоријата на еволуцијата и ќе ја преименува во „Листа на видови на кои Чак Норис им дозволил да живеат“.

-Ќе го пензионира Uncle Sam и ќе го замени со Uncle Chuck.


sead93

Сеад е магистер по комуникации кој проучувањата во комуникациската наука ги фокусира на популарната култура, новите медиуми и пропагандата. Издал две книги збирки културолошки есеи (двете во 2002) и редица текстови во неколку списанија во земјата и надвор од неа (Lettre International, Наше писмо, Блесок, Културен живот, Разгледи, Balcanis…). Со својата смисла за хумор, неуморно „им го прави денот” на голем број интернет корисници.
This entry was posted in Media, News. Bookmark the permalink.

7 коментари на "Chuck Norris for (Vice) President!"

Коментирај!