Media & Marketing Blog

Стварно има премногу реклами!

Што? Уште мислиш дека рекалама е единствениот и најдобар начин да комуницираш со потенцијалните купувачи? Па, добро ДА, до некаде имаш право, ама ако не живееш во современов Интернет свет, каде реклами има на претек.

Стварно, на Отворената дискусија се спомнуваа рекламите, и блокерите за рекламите како опција на Firefox, се збореше и за креативно огласување. Претпоставувам дека општиот заклучок беше дека сите се обидуваат да ги избегнат или да ги игнорираат. Но тоа е така кога реклами се појауваат онаму каде никој не ги сака и континуирано се обидуваат да го сменат фокусот на публиката.

Во една интересна дискусија на една група на LinkedIn каде беше побарано искуство за ефективност на реклами во социјални мрежи. Таму преку еден коментар на Axel Schultze (пионер во Social Networks) налетав на Cease Advertising. Тоа е иницијатива започната од луѓе од фелата кои увиделе дека класичново рекламирање (т.е. комуницирање на релација бизнис-потрошувач) нема веќе фајде.

This community is for marketing and sales people, advertising agencies and business leaders who realize that advertising is just no longer effective. Clearly, businesses need to attract customers and prospects for their products and services. But the loud shouting “buy my product” isn’t working anymore. We need to explore alternatives. Who ever still believes that we are attractive to new customers with mail shots, cold calls and overwhelming advertising need to wake up NOW. This community is developing those alternatives, in part already practicing them. It’s about our customers AND our economy.

Ако си го приметил тоа што и тие, трк зачлени се во групава и пробај да бидеш меѓу првите кои ќе носат промени. Јас се зачленив и не бев многу воодушевен. Релативно нова е, и доста празна. Сепак тоа не зачи дека идеата е лоша.

Колку што успеав на кратко да сфатам изгледа решението го гледаат во социјалните медиуми и во нивното „паметно” искорисутвање. А и во дискусијата на LinkedIn од каде ми тргна мене муабетов повторно се сведе заклучокот на исто.

Денешниот маркетинг е КОНВЕРЗАЦИЈА. Денес не се прават еднонасочни реклами кои треба да го прекинат и нарушат движењето на публиата, денес се разменуваат информации, се користат постоечките бази и е градат паметни апликаци врз она што веќе постои.

Конфузен сум. Добро, знам, се извинувам. Го преправав постов неколку пати, може и да сум утнал нешто. Но ако не ти е јасно каде и како грешат денес компаниите, еве едно пригодно видео кое е далеку појасно од мојот пост.


The Break Up
Uploaded by geertdesager

Видеото е реклама за Microsoft Digital Advertising Solutions, повеќе детали тука.

2 коментари на “Стварно има премногу реклами!”

  1. Ели

    Сакав да споделам еден пример за колективна свест на едно градче за загадувањето со реклами.

    Пред пет-шест години го посетив Лилехамер во Норвешка, мало убаво градче кои некои го препознаваат како домаќин на едни минати ЗОИ. Елем, шетам јас по градот, убав, скромен, чист, зачуван; и нешто ми е чудно.. ми фали нешто а не можам да сконтам што! Дури по неколку дена ми светна – во целиот град, буквално нигде немаше рекламни паноа. What a revelation 🙂 Се распрашав кај домакините ми, и тие ми разјаснија дека целиот град се сложил дека ионака има премногу реклами наоколу, па нема потреба да ги гледаат и по улиците и да им ја нарушуваат сликата за градот. Па така, советот градски изгласал да НЕМА рекламни паноа во Лилехамер.

    И да ви кажам право, многу прави разлика – кога се вратив во Скопје прво што ме заплисна беше свесноста за нескладноста на тие квадратни screaming пораки со остатокот од визуелниот спектар.. Баш почувствував нагон на филтрирање – камо и во реалниот живот да имаше блокери..

  2. Darko Buldioski

    Има мали гратчиња и во МК кои немаат (или имат многу малку) реклами 🙂 ама тоа е затоа што не им се доволно атрактивни на огласувачите 🙂

    супер пример, фала за коментарот Ели

Коментарите се затворени.