Media & Marketing Blog

Јакоб Нилсен ги споредува ТВ и Интернет

TV vs. InternetНасловот и постов ми се директно преземени од mislam.blogspot.com. Конечно посветив време на rss ридерот и прочитав еден релативно постар пост на PantaRei кој всушност пренесува една табела која ја објавил познатиот гуру Јакоб Нилсен. За овој пост се обидовме (со Сеад) да ја преведеме и адаптираме малку табелата. Повели:

Телевизија

Интернет

Публика Масовна: сите ги гледаат истите главни/основни канали, затоа програмата мора да биде мешана/разновидна. Niche (специјализирани целни групи): сите го бараат она што ги интересира во моментот кога тоа им е потребно.
Корисност/употребливост Вклучи го Сфати го
Технологија Слаба: не може ништо повеќе од прикажување слики, не нуди дополнителни опции Моќно: може сè; нуди многу опции и сервиси
Главен пристап кон корисничниот интерфејс “Исто време, ист канал” следната недела Пребарување и навигација
Корисничко искуство Пасивно: седите и чекате да се случи онака како што замислил уредникот Активно: се наведнувате и одлучувате каде сакате да одите понатаму, во кое било време
Тек Линеарен Нелинеарен
Вознемирување Нема (освен искушението да правите нешто друго за време на рекламите), затоа истанувате фокусирани во емисијата која ја гледате Многу: други прозорци и табови ви прелетуваат (и подобро да си го проверите меилот, веднаш, може има нешто важно)
Сопственост MSM (мејснстрим медиуми = големи корпорации, затоа што е скапо) Средствата за производство се во рацете на сите, менувајќи ја централизираноста која беше предизвикана од индустриската револуција
Вредност на призводите Голема Мала
Социјален контекст Најчесто со други; во семена атмосфера Најчесто сам; во канцеларија или во свое дувло
Градење на бренд Слики и слогани Искуство
Добар за рекламирање? Да Не (освен за реклами на пребарувачи и мали огласи)
Поддршка на продавачкиот циклус Создавање на побарувачка Истражување, купување, исполнување (за електронски производи), подршка на корисници, одржување на однос.

Само да напоменам дека се согласувам со забелешката на Panta Rei:

Не ми е јасно само зошто смета дека Интернет не е добар за рекламирање? Во линкот кај тоа „Не“ има заклучоци кои се базираат од една страна на „слепост за рекламни банери“, а од друга страна рекламите кои се „стопени“ со текстот се прогласуваат за неетички, што е сомнителен пристап кон проблематиката. Овие тврдења се во најмала рака чудни и ако се има предвид дека рекламите на веб можат да се многу прецизно таргетирани кон публиката и дека со нивно соодветно поставување не само што не им пречат на посетителите, туку добар дел од нив ќе имаат интерес да кликнат на некоја од нив. Телевизијата никогаш не може да понуди толку прецизно таргетирање за рекламите, а освен тоа е и прескапа.

И да доплнам, дека некои од карактеристикиве се изненадувачко чудни, да не речам ептен упростени, но авторот си го појаснува тоа во својот оригинален текст:

Of course, I’m simplifying when I say that TV has easy usability and no features. One look at a remote control implies otherwise — and usability of remote controls hasn’t improved since I analyzed it 5 years ago. Indeed, people basically don’t use any of TV’s advanced features precisely because they’re so cumbersome. As a result, the received user experience is pretty simple: turn it on, sit back, and enjoy the show.

Оригиналниот текст: Velocity of Media Consumption: TV vs. the Web
Постот на mislam.blogspot.com: Јакоб Нилсен ги споредува ТВ и Интернет

6 коментари на “Јакоб Нилсен ги споредува ТВ и Интернет”

  1. Mitko239

    Мислам дека во блиска иднина (веќе постојат интересни концепти и производи) можеме да очекуваме телевизијата да стане двонасочен медиум.

    Сепак не очекувам дека тоа ќе биде на начин на каков што сме навикнале на интернет туку нешто повеќе како "моја телевизија". Еден вид ТВ на интернет стереоиди 🙂

    Моментот на IPTV каде што можам јас да бирам што ќе гледам и кога ќе гледам, надополнето со стрим на информации кои јас сакам да ги примам на ТВ неизбежно ке доведе и до таргетирано ТВ рекламирање според мојот "профил" каде што би добивал реклами кои се во корелација со моите интереси базирани врз основа на она што го гледам.

    На крајот на краиштата иднината на секоја технологија е во персонализацијата и корисничкото искуство…

  2. Darko Buldioski

    Митко, се сложувам, и само да надополнам, не е иднината, туу сегашноста. IPTV веќе е реалност, некое време, веќе содржината се прима различно, секако не е толку доминантен, ама прашање е на година или две, зависи за кој пазар збориме 🙂

    мене табелава ми е доста дискутабилна и избанализирана, ама сепак интересен повод за дискусија е 🙂

  3. Александар

    “Моќно: може сè; нуди многу опции и сервиси“ – Вулгарно поедноставено… Може многу повеќе од досега познатите технологии, но далеку од сè. Ова е проповедање (евентуално ептен субјективна проценка), но никако реална ситуација.

  4. darko buldioski

    се сложувам Александар, ама не сакав да интервенирам во оригиналот 🙂 а во моемнтот на објавување нема в премногу време за да напипам поиздржан коментар во постот.

Коментарите се затворени.