Media & Marketing Blog

Медиумска реалност, епизода не знам која

Краток поглед во писанијата на денешниот печат:

Жените се главни за пазарување

Жените во Македонија се главни кога станува збор за пазарење. Тие ги снабдуваат дури 72 отсто од домаќинствата, а во 28 проценти од семејствата мажите се тие што купуваат за дома…Според истражувањето, најголем дел од главните снабдувачи во семејствата во земјава се на возраст од 26 до 35 години и најчесто пазаруваат во сабота, кога се регистрира врв во купувањето на сите продукти потребни за домаќинствата. Најмалку се купува во недела.

top-logo1.gif logopoz.jpg

„Вест“ меѓу најпродаваните брендови во Македонија

Весникот “Вест” е еден од шесте најпродавани брендови во Македонија. Според истражувањето за профилот на македонското домаќинство на агенцијата “Стратум рисрч”, шесте најпродавани брендови се пивото “скопско”, цигарите “родео”, смоките “стоби флипс”, “кока кола” и весниците “Вест” и “Дневник”…”Стратум рисрч” истражувањето го направи врз основа на два критериума. Според бројот на продадените парчиња, рангирани се “скопско”, “родео”, “стоби флипс”, “Дневник”, “кока-кола” и “Вест”. Според вториот критериум, пари потрошени за еден производ, рангирани се “родео”, “кока-кола”, “скопско”, “бос”, “горско” и “фанта”.

И што има заедничко за овие два прилога во печатените весници? Ништо особено, освен тоа што се однесуваат на исто истражување на Стратум 🙂 Вест си ја накривиле капата и си се самопрогласија за топ весник „of them all“ (не е прецизирано во што, но стилот е во типот на спортските новинари на МТВ ала „нашиот алтетичар се пласира помеѓу првите 45 натпреварувачи), а „Дневник“ ги акцентираат откровенијата од коперникански тип дека жените се главни за шопинг, дека во недела најмалку се пазарува (Авто-пазар очигледно настрана), а фали податокот дека околу 91 процент гледачи на фудбал се мажи. И сево ова би било можеби и комично ако овие два медиума наскоро, како медиуми со најдобар рејтинг (веројатно според Стратум) ќе ни кажуваат што прават нашиве функционери со нашите пари надвор од нашава земја (далеку од нашите очи).