Media & Marketing Blog

Хипократ или Хипокрит?

Денес во македонскиот телевизиски „prime time“, македонската телевизиска публика беше сведок на (барем) два контроверзни настани:

(а) известувањето за објавувањето на фотографиите на две медицински лица од Ургентниот центар во Скопје, со слика покрај девојка во бессознание (А1, Канал 5).

(б) интервјуто на Гоце Гиновски (alias Карло Бос) актер во филмови за возрасни, со потекло од Куманово во емисијата „Backstage“ (моментно недостапно онлајн), на Сител 3.

-Во првиот случај се работи за „...скандал на хируршките клиники…фотографија е направена во текот на новогодишната ноќ. На неа се гледа како две медицински лица се сликаат покрај девојка во бессознание покажувајќи на пациентката“ (А1), „скандал на хируршките клиники. Оваа фотографија е направена во текот на новогодишната ноќ. На неа се гледа како две медицински лица се сликаат покрај девојка во бессознание покажувајќи на пациентката.“ (Канал 5).

Според медиумите и коментарите за ова,скандалозно е: (а) егзибиционизмот на вработените медицински лица (објавување на слики на Фејсбук каде се гледа девојка во бесознание), (б) прекршување на лекарската етика (vis-a-vis Хипократовата заклетва, хумано однесување кон пациентите, одржување на честа и благородните традиции на лекарската професија, и.т.н., (в) повреда на приватноста на пациентката (јавно прикажана во состојба на несвесност).

Во што е проблемот?

Вака, народски кажано, тоа ти е како на улица да сретнеш како некој силеџија мава некое немоќно дете, и ти почнеш да го маваш со сета сила и него и детето. Дали е тоа начинот да решите ваква сцена?

Медиумите во овој случај се јавуваат како еден вид „етички агенс“, односно субјект кој претполага на правото да ја алармира јавноста за „неморални дејанија“ што се случуваат околу нас, особено во т.н. јавна сфера (здравство, јавни институции, и сл.), за да истите бидат изложени на увид на јавноста и осудени, а одговорните да преземат мер(к)и кои ќе ги казнат неодговорните, и со тоа ја заштитат јавноста. Во оваа смисла детектирањето и известувањето за овој настан секако е легитимно, потребно и резонира и со наведените ставки во „Кодексот на новинарите на Македонија“ (Основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со член 16 од Уставот на Република Македонија).

Проблемот е како е тоа направено, и кој се станува жртва на таквиот начин на покривање на вакви настани.

-Веста се пласира како ударна и под термин „скандал“ (А1, К5), со што се потпаѓа кон истата грешка на кои се осудуваат медицинските лица (егзибиционизам е заменет со медиумски егзибиционизам). Во исто време се активира т.н. сензационалистички медиумски механизам (морална паника), која во стилот „Кај отиде светов!!!“ треба сите да не растревожи и да ја драматизира самата реалност.

-Се прекршува сопствената професионална етика (чл.7, Новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес, чл.8 Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми, итн.), а телото на пациентката е прикажано и зумирано (А1), додека лицата на докторките се засенчени на К5, а целосно прикажани на А1. Јавниот интерес е (=) да се санкционираат медицинските лица со што ќе се заштитат граѓаните од слични идни егзибиционизми, но не и тоа некој на пазар да ги натепа овие две докторки, во некаков револт или освета.

Првото е сосема остварливо ако: (1) се извести за случајот со заштита на идентитетот и на медицинските лица и на пациентката, (2) се пријави случајот до надлежните (Директори, Министерство за здравство, Лекарска комора, и сл.) со целосни материјали кои ќе помогнат да се идентификуваат и санкционираат одговорните, (3) се извести јавноста за (не)преземените мерки.

Јасно ни е, секако, дека се работи за искусни новинари, кои секако ги знаат овие работи, но не ги почитуваат затоа што тоа едноставно не им одговара. Она што им одговара е да се прикажат, покажат и докажат како „агенс на моќ“ (под закрила на „етички агенси“, во овој случај) кој има влијание во општеството, заради кој се менуваат директори, луѓе губат работа, паѓаат министри, паѓаат влади, и сл. Нивниот примарен интерес, затскриен преку дефокусирачки обланди на т.н. „активни идеали“ (етика, јавен интерес, традиција, патриотизам, и сл.) е да ја реафирмираат силата во „седмата сила“.

Останува Клаузевиц-истичкиот заклучок дека, на некој начин, новинарстовото е само политика со други средства.

Во вториот случај се работи (повторно) за таблоидизација и скандализација на тв-публиката. Во ударен термин (19:00ч) при висока веројатност за изложеност на помлада публика, главниот актер на прилогот ги изрекува скандалозните изјави, очигледно прифатливи за уредниците, дека:„неговата цена за една ноќ е 2.000 евра“, „дека спие со 100 жени годишно“, и дека „тие жени се како да спиеш со Елена Ристеска и Каролина наутро, а навечер со посериозна госпоѓа како Калиопи“.

Во секој случај се покажува дека новинарството не случајно се нарекува „седма сила“, која во најголем број случаи е заинтересирана само да ја генерира и репродуцира својата сила и да ја трансформира во материјални средства преку (из)форсираната гледаност, за која секако на олтарот на прокламираниот јавен интерес и етика, мораат да паднат жртви, но некогаш и токму самиот јавен интерес и етика.

Не знам дали ќе ни биде среќна новава година со нашите медиуми, но секако ќе биде весела.

17 коментари на “Хипократ или Хипокрит?”

  1. Srgjan Stojancov

    Ајде да го оставам и тука

    „Првото е сосема остварливо ако: (1) се извести за случајот со заштита на идентитетот и на медицинските лица и на пациентката, (2) се пријави случајот до надлежните (Директори, Министерство за здравство, Лекарска комора, и сл.) со целосни материјали кои ќе помогнат да се идентификуваат и санкционираат одговорните, (3) се извести јавноста за (не)преземените мерки.“

    Верувам дека веста е вистините. Ако не тргнеме од таа претпоставка, нема поента од дискусија за етика. Според мене, најбитното прашање е дали девојката е жива и здрава, но веројатно во тој момент новинарите ја немале информацијата.( мора да се земе предвид дека ги гази и термин)

    Прилогот на Канал5 е релативно коректен, иако не целосен(Веројатно, утре ќе има продолжение).

    Можеме да замериме на зборот „скандалозно“ и на оценката во петтата реченица и на уште некои стилски финеси(ако идеме школски у детаљи)…. See More

    Од друга страна, идентитетот на докторките и на пациентката се скриени. (1) исполнето, (2) сигурен сум дека новинарите утре ќе бараат реакции од сите страни, ако тоа не го прават уште сега, (3) верувам дека јавноста ќе биде известена за понатамошните чекори.

    Не е проблем што е прикажано во ударен термин и не може да се каже дека е ептен сензационалистички(Не сум ја видел најавата, ја нема на нет. Претпоставувам дека најавата прштела од сензационализам, но тоа не може да се каже за прилогот)

    Стварно би сакал да се развие дебата околу ова. Поздрав

  2. Solza

    "Е вака не треба е пораката" на А1 и Канал 5, што може да се спореди со тоа дедо да земе пиштол и да му пука во глава на син му, за да му покаже на внукот колку е лошо оружјето!!!

    Агенцијата за заштита на личните податоци треба веќе еднаш да реагира, казните за вакви прекршувања се до 4000 евра.

  3. Роберт

    Солидна анализа.

  4. Игор

    Ништо нема да се случи.

    Комората си ги штити членовите дури и ако се виновни и направиле некој криминал. Комората всушност и не знае или не сака да ги остварува своите базични функции.

  5. Beti

    Znaci,spored vas trebase da si pomine toa bez da se kreva prasina….neznam kaj otide svetot….taka veli edna drugarka na doktorkata,ne trebase da se objavuva toa,ke gi videa slikite samo 20-30 FB prijateli!!Znaete sto e vsusnost najtazno vo seto toa??Taa i tie kako nea voopsto ne go sfakaat toa kako nesto loso,ne mislat deka drugarka im e bizarna!!!Za niv e toa nacin na razmisluvanje,prekrasno odnesuvanje!!!E,bravo!!

  6. Nikolina Nikolovska

    Ne treba premnogu strogo da se sudi, jas sum sigurna deka na doktorkite im e veke mnogu zal i deka svatija deka zgresile i toa nenamerno.Najvazno e sto devojkata e dobra.

    NE SUDETE STROGO< OTI STROGO KE VI SE SUDI (od Biblijata) sepak sme luge i site gresime.!

  7. Baze

    So sto se zanimavate be kopuci nizaedni? Nemate li popametna rabota ,od toa da kopate po stranicite na zivotite na drugi ludje? Sto se vasite bolni umovi moze da smislat i napravat od edna obicna fotografija na koja se gledaat dve medicinski lica na rabota i edna devojka koja sto voopsto ne e vo kompromitiracka situacija?Edna fotografija sto mozebi ce ja videa 10,50 ili100 ludje,vie ja pokazavte na cela Makedonija.Barem da e nekakva vest.Se gadam i plukam na vas.Ako ne znaete kako i sto da objavite,najdete si druga rabota i pustete gi profesionalcite da si ja rabotaat rabotata.Se nadevam deka ima i takvi.Nemam nikakva vrska so licata na fotografijata,no zastanuvam na nivna strana,zatoa sto nekoja budala utre na vesti moze da izvadi nekoja moja slika na plaza,a vo pozadina devojka vo bikini ,od koja sto nemam pobarano dozvola da ja stavam mojata slika na facebook .

  8. Biljana

    Dali nekoj ja prasa doktorkata dali postoi zakon za doktori i koj ja brani nejze?!

    Sigurno ne velam deka e fantasticna postapkata , no sekoj covek gresi pa i doktorite ( i paricnata kazna ili supsenzijata e preduoreduvanje neli?) Vo nasata sakana drzava ne se cenat nitu doktorite nitu dobrite rabotnici. Kaj nas se ceni ubavinata?, oblekata i skapite koli i po moznost da si nekoja pejacka so dobar glas ( ne gi vredgam i ovie profili vo nikojslucaj), no smetam deka ednas treba da se ostavat doktorite da si ja vrsat svojata funkcija, koja vo ovie uslovi e strasno teska i nevozmozna…

    • Bunny

      I find myself coming back to your web-site only because you have lots of awesome insights and also you happen to be at this a while, which is very imivesspre and tells me you know your stuff.

  9. Buddy

    Love Atenas. That whole area is my favorite. We would drive our scooter from Grecia down to Atenas and up the old road to the beach (not the newer one Autopista Sol). There is a mirador we would eat at right outside Atenas on your way to beiaT.hhcs might be one of the most perfect memories I have of living here.

Коментарите се затворени.