Media & Marketing Blog

Chuck Norris for (Vice) President!

Добро, кога се мора, се мора…Значи откако мејнстрим медиумите (уште еднаш, и тоа по кој знае пат) не успеаја да ја пласираат веста на денот, повторно ќе мора блог-герилата да придојде во помош и да го направи тоа наместо оние кои се платени да го прават тоа!

Рубриката е Свет, темата е трката за претседателски кандидати на двете американски партии, а контекстот е Барак Обама (Barrack Obama) од Демократската партија и Мајк Хакаби (Mike Huckabee) од Републиканската партија на САД, на прилично изненадување на тамошната јавност, однесоа победи во една од предизборните трки во Ајова.

Ако за победата на Обама постојат повеќе интерпретации, тогаш за онаа на Хакаби нема дилеми, причината зад неа е една и единствена, дами и господа, Чак Норис (say no more).

untitled2.JPG

Нејасно е како медиумите пропуштија да информираат за подршката на Чак Норис за Хакаби. Како и да е, со ова мислам дека победникот на следните претседателски избори во САД е веќе решен, а нашите стравови од можна победа на Демократите, а со нив и на грчкото лоби во САД стануваат потполно беспредметни и целосно разрешени.

Во продолжение дел од предизборните ветувања, пардон одлуки, на Чак Норис во ресорите блиски до нас:

-Чак Норис ќе ги укине Ctrl копчињата на сите компјутери, бидејќи тој ќе биде во целосна контрола над сé.

-Чак Норис ќе го тужи MySpace за авторски права за употреба на терминот кој тој уште од ’46-а го употребува за планетава.

-Apple ќе почне да му исплаќа на Чак Норис по 99 центи за секоја песна што тој ќе ја спушти на својот I-Pod.

Гугл нема да смее да дава резултати за пребарувања за Чак Норис.

-Ќе го укине Microsoft и ќе го стандардизира својот личен оперативен систем MegaHard.

-Ќе го укине мајмунчето од емаил адресите и ќе го замени со своја лична икона.

-Ќе ја укине Теоријата на еволуцијата и ќе ја преименува во „Листа на видови на кои Чак Норис им дозволил да живеат“.

-Ќе го пензионира Uncle Sam и ќе го замени со Uncle Chuck.

7 коментари на “Chuck Norris for (Vice) President!”

  1. sead93

    Fala za linkot. Mislata mi bese za podrskata na Cak Noris za Hakabi, toa ne go procitav, inaku samiot nastan e povekje od dobro pokrien od A1.

  2. sead93

    gemidjy, fala za linkot, odlicno 🙂

  3. sead93

    2milozvu4na, можеше и ова да се стави:

    – Чак Норис може да кива со отворени очи.

    – Чак Норис мораше да прекине да си ги мие алиштата во Тихиот океан, зашто цунамијата убиваа премногу луѓе.

    – Brokeback Mountain не е филм туку дел зад куќата на Чак Норис каде тој ги фрла оние несреќници кои ќе се осмелат да му се спротивстават.

    -Џастин Тимберлејк е уште жив само затоа што Чак Норис не закача жени.

    -Хомосексуализмот се проширил во Античка Грција оти мажите не се осмелувале да си имаат работа со Чак Норис кој таму доаѓал на летување. Жените пак помеѓу летните одмори се повлекувале на островот Лезбос.

    -Чак Норис му дозволил на Брус Ли да „го победи" (http://www.youtube.com/watch?v=JLO1YIWQuXE) за да осети на момент како е да се биде лузер. Откако ова Брус Ли го дознал, паднал во депресија и почнал да се дрогира.

    -Чак Норис на сите тестови има 100 поени, едноставно затоа што само ќе се потпише на тестот.

    -Чак Норис е вегетаријанец. Јаде само храна од растително потекло и живо месо од своите жртви откако ќе ги доведе во вегетативна состојба.

  4. azder

    Ќе ги тужи тие што го смениле неговото име со Flash во песната:

    Chuck – a-ah – saviour of the universe

    Chuck – a-ah – he'll save everyone of us

    Ha ha ha ha ha ha ha ha ha

    Chuck – a-ah – he's a miracle

    Chuck – a-ah – king of the impossible

    He's for everyone of us

    Stand for everyone of us

    He'll save with a mighty hand

    Every man every woman

    Every child – with a mighty flash

    Chuck – a-ah

    Chuck – a-ah – he'll save everyone of us

    Just a man

    With a man's courage

    He knows nothing but a man

    But he can never fail

    No one but the pure in heart

    May find the golden grail

    Oh oh – oh oh

    Chuck

Коментарите се затворени.