Media & Marketing Blog

The more a medium becomes true to reality, the reality itself becomes less true

Минатата година возејќи се со кола, и слушајќи Равел радио, во една ситуација се извадив од памет, се збунив и не знаев што се случува околу мене, сериозно. За после некоја минута да сфатам дека на Равел во емисијата “Време на вино и сеќавања” имало дел кога пуштаат вести или радио емисии на мк (не се сеќавам точно) од некоја далечна година, и потоа треба демек слушателите (секој за себе, без јавувања) да погодат за која година станало збор.

Е во една таква ситуација јас се извадив од памет, зошто ми се причини дека нешто е како да се сега, ама некои работи не ми изгледаат логични. Како и да е за некоја минута сфатив и се смирив. Морам да признаам чувството беше навистина чудно.

Може оваа не била радио програма која имала за цел да ја изманипулира публиката, но верувам дека не сум јас едниствениот, на кој барем за момент реалноста му била дистрозирана од некој медиум.

Вчера еден ваков, но однапред смислен пример разбрав дека се случил во Чешка во Јуни минатата година.

Seeing a familiar mountainous landscape blow up amidst a nuclear blast, while watching a weather report on TV, can certainly lead to a panic outburst.

This is what Czech viewers witnessed last June. The group of radical artists, members of the Ztohoven collective, who caused the disruption, are to be put on trial and could face up to three years in jail. …EditorsWeblog


Нормално ваква “гиковска” вест си го нашла своето место на BoingBoing каде била објавена во Јуни, за разлика од останатите медиуми каде е објавена дури сега кога се најавува казна од 3 години затвор за организаторите. Детали за тоа како била изведена оваа манипулација не се наведени, но како организатор се наведува Чешкиот уметник Roman Tyc, човек кој како дел од друг негов потфат усепал да замени дел од уличните семафори и да постави стакла со “друга” содржина.


Со помош на Новица, продолжив синоќа да читам на оваа тема. Патот ме одведе до првата ваква медиумска манипулација изведена уште во 1938 година: War of the Worlds, And The Invasion from Mars на Orson Welles

The ability to confuse audiences en masse may have first become obvious as a result of one of the most infamous mistakes in history. It happened the day before Halloween, on Oct. 30, 1938, when millions of Americans tuned in to a popular radio program that featured plays directed by, and often starring, Orson Welles. The performance that evening was an adaptation of the science fiction novel The War of the Worlds, about a Martian invasion of the earth. But in adapting the book for a radio play, Welles made an important change: under his direction the play was written and performed so it would sound like a news broadcast about an invasion from Mars, a technique that, presumably, was intended to heighten the dramatic effect.

As the play unfolded, dance music was interrupted a number of times by fake news bulletins reporting that a “huge flaming object” had dropped on a farm near Grovers Mill, New Jersey. As members of the audience sat on the edge of their collective seat, actors playing news announcers, officials and other roles one would expect to hear in a news report, described the landing of an invasion force from Mars and the destruction of the United States. The broadcast also contained a number of explanations that it was all a radio play, but if members of the audience missed a brief explanation at the beginning, the next one didn’t arrive until 40 minutes into the program.

Овој настан намерно или не, го означил почетокот на медиумската манипулација, чии сведоци сме сите ние секојдневно. Моќта на медимуте со време се зголемувала и плус сега не е само радиото туку и тв и интернет, и целиот екосистем бара една покомплеска стратегија за манипулирање. Ми се чини дека токму заради полесно манипулирање сега има толку малку големи газди и толку многу контрола во само неколку големи медиумски куќи ширум светот.

Како и да е, ние сигурно ќе живееме уште некое време во време на симулација а како некаков ако може да се каже заклучок или утеха ќе го ставам завршниот пасос на тексот: The Rise and Fall of Mediatized Reality in the Age of Radio, (на Хрватски: Uspon i pad medijske realnosti u dobu radija) на Томислав Медак, од каде јас го презедов предолгиот наслов на постов.

The realization that all political reality is a mediatized reality that has become general knowledge through this hoax, brings, however, a very uncertain gain, as it is wrought by an internal paradox. That is, although we are aware that the mediatization, mediatic mediation, makes this reality hackable, we over and over fail to recognize the simulation. The reason is: the more a medium becomes true to reality, the reality itself becomes less true. And this insight into the increasingly trustworthy simulation of increasingly untrustworthy reality, emphasized also in Orson Welles’s concluding words: “we have annihilated the world before your ears”, after its emergence in the age of radio, will become total come the age of televised image.

А што се однесува до “Време на вино и сеќавања”, немојте да се паничите ако слушнете дека другарот Тито ви ги честита Божиќите прзници 😉

3 коментари на “The more a medium becomes true to reality, the reality itself becomes less true”

  1. Јанко

    Уффф само колку сум го осетил на своја кожа и колку ти е језиво после тоа :)…. Еднаш на Discovery имаше емисија What if?, каде даваа алтернативна историја. И баш во таа епизода, Мартин Лутер Кинг беше потпретседател на САД (a потоа и претседател…), и иако знаев дека се вика емисијата What If?, застрашувачки ми беше колку реално излгедаше сето тоа…

    Што вика википедија за тоа:

    Martin Luther King (in one of the episodes What If?, program of Discovery Channel) was Vice President under Robert Kennedy and succeeded him in September 1969. Major of his initiatives are detente and continue program of Great Society (but under a new name). He was assassinated in 1971. He was succeeded by Vice President McGovern.

    http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_fictional_Un

  2. Bojan

    Ја имам радио-драмата War of the Worlds, и навистина звучи језиво.

    Инаку, предлагам да го погледнете Without Warning – http://www.imdb.com/title/tt0111735/

    Го имаат давано и кај нас по телевизииве, ама се наоѓа и по торенти. 🙂

Коментарите се затворени.