Media & Marketing Blog

Trash TV-MK

Иако се бројни поплаките за квалитетот на тв-програмите од домашно производство, кои се (сé по)малку на број, некако локално не се разви поелаборирана критика на таа тема, и не се дојде до некој локален синоним за Trash TV, иако, гледано од страна, можностите за тоа се бројни. „Trash TV“ се дефинира како тв-програма одtrash_your_tv.gif најнизок квалитет во однос на трите медиумски столба, информирање, едуцирање и забава, со тоа што ја предимензионира компонентата на забава и ја доведува до апсурд и во провоkативен контраст во однос на морално-вредносниот систем во кој се емитира програмата, сé со цел гледаност по секоја цена.

Во оригиналниот (американски) контекст, под „Trash TV“ пред сé се подразбираa „talk show“-a со контроверзни теми, гости и испади во живо, а „легендите“ во овој поглед се Geraldo, The Morton Downey, Jr. Show, Jenny Jones, Ricki Lake, секако Jerry Springer Show и други. Иако во рамки на американските медиуми се смета дека времето на оригиналните Trash TV шоуа е поминато, се смета дека за нивни наследници се голем број на reality show-a и други тв-програмиз а ефтина забава, па овој под-жанр сé уште некако живее во различни форми, а како примери можат да се наведат Big Brother (во сите свои локализирани пројави), Cheaters, Peep!, и слично.

И каде е тука нашата дежеличка? Строго дефинициски моментно сме во можност да гледаме една таква програма преку личноста и неделото „Топ шоу“ на Боки Treizehn (kind of 🙂 оти самиот концепт на емисијата е премногу измиксан од wannabe провокативно ток-шоу со локални патос-вертикали од типот турбо-фолк, и ефтин хумор), и многу многу кандидати кои се некаде на среде пат и прилично „креативно“ ја прошируваат дефиницијата за Trash TV. Без претензии да се прави некоја ала-ЕУ црна листа, сериозни кандидати да се вбројат во ова поодбрано друштво, ТВ пандан на junk food, по лично авторско находение, би биле следниве (локално достапни) програми:

-трач-астролошките програми преку мегастарот Сабина до сите нејзини повеќе или помалку познати кло(в)нови.

-латино сапуниците.

-кро-пуниците.

-вестите на Сител под диригентската палка на маестро Млатас.

-експлоатирачките тв-квизови

-ТВ Пинк (со исклучок на вестите, кои се прилично профи сработени)

-едно 94.6% од домашните ток-шоуа

-тв-преносите од собрание

…и многу многу заслужни други кои ќе ни простат што не ги споменавме.

3 коментари на “Trash TV-MK”

  1. GoodBytes

    … ама јас нема да си простам ако не ја спомнам… онаа емисија Стилисимо, во која неколку јавни психотични фаци „анализираат“ некоја јавна личност, кажувајќи како не е добро облечена, за подоцна емисијата да кулминира со документирање на парталите и чудните сандали на член од првата (психотичната) група.

  2. sead93

    Да, да, пример на место 🙂 Не знам што само сакаат да продадат на таков наич?!? Стил не,секако.

  3. 7point.com.pl

    contact you by email, and by taking

    polls and asking people what they would be interested in reading about.4.) always use related keywords in your tagsyou can increase readership and help keep your readers returning by tagging related keywords in your blog entries. when you gain enough l…

Коментарите се затворени.