Media & Marketing Blog

Рингтон индустрија

„Crazy Frog“ манијата и скорешното прогласување на колекцијата рингтонови, видео спотови и што се уште не, со зеленото жабче во главната ролја, за најиритирачка медиумска појава во 2005 година, не треба да не наведат на превидување и потценување на извонредниот и супер-брз подем на ново етаблираната „рингтон индустрија“, т.е. брзата експанзија на продукција, размена и симнување на рингтонови за мобилните телефони. Таа секако се уште не може да се споредува во вистинска смисла со филмската и музичка индустрија, но како што се аргументира и во текстот на овој линк од „First Monday“, индицира за постапниот но сигурен и извесен премин на центрите на глобалната кибер-економија од евро-атлантикот кон Пацификот, кој покрај САД ги вклучува Јапонија и Кина.