Media & Marketing Blog

За слободата на говор на ИНТЕРНЕТ

Три одделни стории денес од различни акпекти ја допираат слободата на говор на интернет. Дел од нив ја обезбедуваат, ама дел ја повредуваат. Веќе неколку пати имам спомнато дека кај нас освен на некој форум или по некој избришан коментар репресии од ваков тип не се забележани, барем не се јавно декларирани. Но тоа не значи дека треба да ги затвориме очите пред светските настани и нивните борби и искуства со овие проблеми. Тоа што тие сега се борат значи дека по неколку години (да се надеваме што помлаку) и ние ќе се соочиуваме со слични проблеми.

Да почнамe со ред.

Првиот пример се однесува на ограничување на слободата, всушност оневозможување на народната: рани куче да те лае.

Staff at The Washington Times who wish to blog must ask for permission, says editor in chief Wesley Pruden in a memo: “Any staff member who plans to set up or regularly contribute to an Internet blog, Web site, or other electronic billboard, posting service or message distribution system must first request and obtain permission from senior editors.” (Editors Weblog, Poynter)

Вториот пример се однесува анонимното коментирање. Станува збор за верификување на нов закон во Америка кој по урнек на законот за анонимно малтретирање преку телефон сега го забранува анонимното досаѓањето на блогови.

It’s no joke. Last Thursday, President Bush signed into law a prohibition on posting annoying Web messages or sending annoying e-mail messages without disclosing your true identity.

In other words, it’s OK to flame someone on a mailing list or in a blog as long as you do it under your real name. Thank Congress for small favors, I guess. (News.com, Blog Herald, Slashdot)

И третиот пример, можеби најсериозен е рекацијата на Репортерите без граници со која тие предложуваат интернет компанiите да усвојат кодекс на однесување во репресивни држави (режими). Оваа реaкција доаѓа по неодамнешниот притисок кој го доживеа Microsoft од страна на кинеските владини институции, по кој беше приморан за затвори блог на еден новинар (news.google).

In the wake of several crackdowns on freedom of expression and Internet search in China, Reporters Without Borders has called on the United States government to persuade Internet companies into agreeing on a code of conduct for functioning in repressive regimes. (RSF, Blog Herald, Editor Weblog, RConversation, Мислам)