Media & Marketing Blog

Charlie Brooker’s Screenwipe

Чарли Брукер (Charlie Brooker) во неговото тв-шоу „Screenwipe“ е нешто што критички ориентираните конзумери на медиумските содржини едноставно мора да го видат. Извонредна комбинација на критика на медиумите, хумор -ем-сатира, и згора на тоа истражувачко новинарство 🙂 која на спонтан начин медиумски ја едуцира публиката. Темите кои ги третира се прилично бројни, и во сите нив успева да остави извонреден печат на критичар кој знае како најважните пораки да им ги испорача на гледачите во најсоодветна, најсодржајна а сепак забавна форма. Едно едноставно пребарување на Youtube на „ScreenWipe“ ќе ви понуди широк избор на третирани теми, а како за тизерче неколку позабележани следат подолу.