Пратениците конечно постигнаа целосен консензус!

Ако ова општествово наше го интересира околу кое прашање политичките партии конечно постигнаа целосен консензус и околу која агенда се обединија целосно, безусловно и без претходни натегања, притисоци од САД и ЕУ, и самоуверено зачекорија кон евро-атлантаските интеграции, тогаш нека остане запишано во блогосферава дека тоа беше консензусот околу анти-модернизацијата:

411998320_645843c3081.jpg

Повеќето од пратениците не ги користат новите модерни телефони „ХТП МДА“ што им ги додели Собранието по последниот тендер за избор на мобилен оператор на кој победи компанијата „Те-мобајл“, а го обжали „Космофон“. Пратениците велат дека немаат потреба од нов телефонски апарат бидејќи биле навикнати на телефоните што сега ги користат. Новите телефони во продажба чин

ат по 18.000 денари и имаат опции за Интернет, испраќање документи, групни пораки и слично. – Не ми требаат сите функции што таму ги има. Телефонот е скап и навистина не ми е потребен. Размислувам да го вратам – изјави Стојан Андов од ЛП. Никола Поповски од СДСМ ќе продолжи да го користи телефонот од марката „нокиа“. Пратениците Роза Топузовска-Каревска и Ѓорѓи Оровчанец и понатаму ќе се служат со старите апарати. Џевад Адеми од ДУИ вели дека новиот апарат не му врши работа. – Ќе го чувам за украс. Не го користам ни претходниот телефон од Собранието. Мојот личен телефон е подобар – изјави Адеми.

(Време, 10 јануари 2008, Пратениците не ги користат модерните телефони)

 

 


sead93

Сеад е магистер по комуникации кој проучувањата во комуникациската наука ги фокусира на популарната култура, новите медиуми и пропагандата. Издал две книги збирки културолошки есеи (двете во 2002) и редица текстови во неколку списанија во земјата и надвор од неа (Lettre International, Наше писмо, Блесок, Културен живот, Разгледи, Balcanis…). Со својата смисла за хумор, неуморно „им го прави денот” на голем број интернет корисници.
This entry was posted in Local, Society. Bookmark the permalink.

5 коментари на "Пратениците конечно постигнаа целосен консензус!"

Коментирај!