Media & Marketing Blog

Борба по онлајн реклами

Печатените изданија ги намалуваат своите добивки, интернет изданијата го зголемуваат бројот на читатели. И ормално мора да се употребат сите расположливи сили за да се изнајде најдобриот начин да се заработи од онлјан реклами.

Веќе неколку пати сум спомувал дека најтешкиот предизвик на големите медиумски компании во онлајн светот е изнаоѓање на профитабилен финансиски модел. За некои од моделите (малку постари се) можете да прочитате во еден мој постар труд објавен на овој блог: Електронски Весници (PDF 250KB) (претходен пост).

Деновиве се направени два нови обида за да се промени оваа неповолна ситуација. Имено од другата страна на барата, трите најголеми издавачки компании (Gannett Co., McClatchy Co. and Tribune Co.) прегоараат за здружување на своите сили кога станува збор за продажбата на онлајн реклами.

Gannett Co., McClatchy Co. and Tribune Co. are planning to offer advertisers one-stop shopping for display ads on Internet sites. The goal is to attract big advertisers such as car makers and phone companies that want to reach a nationwide online audience but don’t want the hassle of negotiating ad deals with each company or newspaper.

The joint effort, code-named “Open Network,” marks a big new bid to win back advertisers that are defecting in droves to the Web. Currently, national advertisers buy the bulk of their online display ads — banners and boxes — from big portals such as Yahoo Inc., Time Warner Inc.’s AOL or Microsoft Corp.’s MSN. Yahoo has announced plans to work with seven other newspaper publishers to build a similar one-stop-shopping spot for advertisers. Google Inc. has also reaped a bonanza with advertising links that appear next to search results. …многу повеќе детали WSJ.com

Вториот е од оваа страна на барата. Групацијата The Guardian, ги спојува своите оддели за „бркање реклами” во еден.

Guardian News & Media has combined the Guardian Unlimited and display print teams into one department called GNM Commercial.

As part of the initiative, a new research and development team has been created to focus on emerging revenue opportunities for GNM Commercial, Guardian Recruitment Solutions and Guardian Ventures.

The move comes as a number of newspaper publishers offer agencies and advertisers a cross-platform sell to offset the online migration of classified advertising. The Telegraph Media Group already offers clients cross-platform solutions. …BrandRepublic

Ич да не правам паралела со оваа тема кај нас а? Поарно е така. Ај да почекаме да се редизајнира и Вест.ком.мк па може тогаш ќе се обидат и нашве нешто да заработат онлајн 😉

4 коментари на “Борба по онлајн реклами”

  1. GoodBytes

    Online advertising е бизнис кој има стрмна нагорна линија и веќе прави годишни профити изразени во десетици милијарди долари. Да не се искористи овој позитивен растечки бран е голема глупост.

  2. darko156

    @ Goodbytes

    Вистина е ова што го велиш, ама сепак глобално гледано станува збор за огромни пазари и огромни потенцијали, а нормално и огромни вложувања.

    Во првиот пример од постов, компаниите се здружуваат бидејќи не можат да ги намамат со добра понуда големите рекламери на национално (америка) ниво.

    Сепак и покрај огромниот пораст, не сум баш сигурен за бројкиве, ама вкупниот приход од интернет не е ни 10 проценти од оној од принт.

    Притоа не треба да заборавиме дека нивниот онлајн не е архива на вести како нашиот 🙂 туку кошта

  3. волан

    БЛОГЕРИ НОВИНАРИ…

    Во македонската блогосфера – не дека до сега нема блогери кои се и воендно новинари. Ги има и тоа скоро најдобрите блогери воедно се и нови…

  4. Bi

    Не баш поврзано, или можеби да?…

    Повелете вечер во ЕТФА да, и една петиција за телевизирање на смоговците од вселената :))И фала на Дарко за филмчето, ми го направи денот….

Коментарите се затворени.