[видео] Интервју со Александар Тасев од www.tc.mk

www.tc.mkНекаде во малкуте денови меѓу празнициве успеав да се запознаам со Александар од Акота, компанијата која стои зад новиот македонски веб сервис Трговски Центар. Се договорив да направам интервју за потребите на месечниот магазин Click. Кога тргнав дента накај нивните канцеларии си помислив зошто да не земам камера и да снимам нешто од разговорот за да скршам мраз и да објавиме за прв пат видео интервју сработено за комуникации.нет.

И токму тоа е овој пост. 8 минтно видео со извадоци од муабетите. Повеќе ќе може да се прочита во магазинот но и на сајтот на Трговски Центар. Благодарност до Александар за муабетот и на Мите за монтажата.

Само да си кажам мој личен став. По 2 и пол часа муабет стекнав чувство дека идејата на Акота за еден ваков сервис е одлична и дека она што до сега го имаат сработено е навистина ОК. Муабетот ме увери дека знаат дечките што прават и дека може да имаат светла иднина.

Прв пат правам ваква снимка па затоа не ми замерувај на непрофесионалниот пристап, лошо поставена камера и сл. :)


Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тешка музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in Local, Marketing, Technology and tagged , , , , , , , , . Bookmark the permalink.

6 коментари на "[видео] Интервју со Александар Тасев од www.tc.mk"

Коментирај!