Media & Marketing Blog

Тинтернет

Во последниот извештај на PEW Internet Project насловен како „Teen Content Creators“ (n.b. податоците се валидни само за САД) се наведува дека 93% од тинејџерите користат интернет, и се мошне активни во креирањето содржини кои ги објавуваат на интернет. Покрај придонесот во интернет содржините, втората главна функција на интернетот за нив е социјалната интеракција и меѓусебно комуницирање, а овој начин на комуникација полека ги заменува другите традиционални форми на општење. Скептиците меѓу нас можеби ќе кажат дека јакнат процесите на виртуелизација на комуникацијата помеѓу младите, што секако останува валидна забелешка која треба да се следи, но во истото истражување се посочуваат и конкретни статистики како новите медиуми ги потикнуваат младите на креативно творење и размена на тие матpton165l.jpgеријали:

Some 93% of teens use the internet, and more of them than ever are treating it as a venue for social interaction and place where they can share creations, tell stories, and interact with others.

  • 28% have created their own online journal or blog, up from 19% in 2004.
  • 27% maintain their own personal webpage, up from 22% in 2004.
  • 26% remix content they find online into their own creations, up from 19% in 2004.
  • In addition to those core elements of content creation, 55% of online teens ages 12-17 have created a profile on a social networking site such as Facebook or MySpace; 47% of online teens have uploaded photos where others can see them, though many restrict access to the photos in some way; and 14% of online teens have posted videos online.

Во секој случај помладите генерации самиот интернет и можностите кои тој ги дава не ги сметаат за нешто крајно добро, лошо, или револуционерно, туку го доживуваат како природен дел од нивната социјална средина, како што да речеме за поизветвените генерации тоа е струјата или телевизијата.