Media & Marketing Blog

The Last Slide Projector

Пред малку добив еден меил кој ме врати (не многу) наназад. Ме врати во времето кога ги молев моите и брат ми да ми го симнат стариот руски слајд проектор од високиот регал за да можам после да ги малтретирам да ми вртат разни слајдови кои во тоа време ги имавме дома.

Не сум од генерациите кои се собираа навечер дома пред зид и гледаа слики од одмор, ама го знам звукот со кои се менуваат слајдовите и ги знам оние проектори кои ги вртеа во круг слајдовите (тие ги имавме во школо). Што ми е муабетов. Денес слајд проектори нема, не се произведуваат од 2004, а и богами одамна не сум видел некој да употребува. Сега тие се дел од историјата и се изучуваат во школо и за нив се прават документарни филмови. Епа, еве дел од маилот кој го добив:

Во четврток, 17 јануари 2008 година, со почеток во 20:00 часот, press to exit project space и Факултет за комуникации и медиуми, при ЊуЈорк Универзитетот ве покануваат на проекцијата на документарниот филм “Последниот слајд проектор”, на авторката Пејџ Сарлинг, од Њујорк, САД. Оваа проекција се оддржува во рамките на програмата Предавања, презентации и изложби.

„Последниот слајд проектор“ е документарен филм кој ја раскажува приказната за производството на последниот карусел слајд проектор од Еаstman Kodak. Филмот го документира крајот на една ера и трага по различните истории на една машина и на еден медиум којшто бил суштински дел од семејните спомени, се користел за едукација и презентација во историјата на уметноста и одиграл голема улога во развојот на киното, како и на корпоративната култура.

Поканата е отворена, филмот трае 59 минути а јас набрзина успеав да најдам еден краток осврт на NYT.

Фала Елена.