Media & Marketing Blog

И Нигерија на овој блог – конечно

Кој спомнуваше деновиве дека сме биле на ранг на Африка. Срам да му е. Интернетот ваков-таков ни бил, корупција имало-немало. Глупости.

Еве еден доказ дека сме подобри, барем од Нигерија.

Дури пред некој ден официјално блогерството започнува да се развива во Нигерија. Nigerian Bloggers е блог агрегаторот кој за почеток има листа од 129 блогови, и е една причина повеЌе за развој на блогерството во оваа земја.

Ние го имаме Најди, од поодамна, а од скоро го имаме и Блог.ком.мк, и автоматски сме понапред од нив. Е сега има еден податок за овој Нигериски сервис кој ние сеуште го немаме но неофицијално се работи на случајот.

Имено овој сервис ги класифицира блоговите/постовите по одредени теми/категории кои дополнително ја олеснуваат работата и прегледувањето на нови постови. Искрено мене сега Најди и не ми е толку честа станица. Eдноставно има премногу постови и не може човек ефективно да пронајде содржина која го интересира. Но затоа потполно се потпрев на мојот RSS feed кој морав да го дополнам со уште неколку МК блогчиња.

Неофицијално, Петар од Најди работи на случајов но кога ќе може да стане збор за конкретна имплементација на овој систем, не би знаел да кажам.

Извор: AllAfrica.com (Прочитајте ја статијата, одличен PR)