Media & Marketing Blog

Rally Dakar 2007

Конечно си најдов причина да пишам за Rally Dakar 2007 😉

Нормално мора да го поврзам тоа со медиуми нели, ова е блог за тие работи, иако овој пат мотивот е друг, мотивот е восхитот кон ова рели и желбата еден ден, на било каков начин да видам како е да си таму.

Еве на крако за медимуте (норамално за нашите): Не ми е јасно која е целта да се објавува вест од Дакар во дневен весник, а притоа истата да има само извештај со резултати и некои најважни моменти од дневната етапа? Додека излезе од печат весникот ќе помине уште најмалку една етапа каде може да се случат толку многу работи што она што јас ќе го прочитам во весник ќе биде претерано бајато.

Е сега, знам дека тоа е тоа, нема бегање, ама барем нека се обидат да ги направат сториите нашиве всници малку поразлично. Нека се свртат малку повеќе кон некоја личност, нека пишат за некој учесник, некој конкретен настан, нека лупнат огромна фотка, и онака се сите преубави. Има начин како да се направи оваа содржина интересна а не само да се наредат резултатите од завчера.

И уште една мала напомена, и прегледот на А1 касни 🙂
Патем секој ден релито може да го следите на eurosport.com, на официјалниот сајт на dakar2007, преку youtube каналот на Robby Gordon, и нормално преку еден куп блогови на учесници, новинари и разни пасионирани гледачи 🙂