Media & Marketing Blog

Перцепција на медиумите

Во последиве неколку недели навистина претерано многу ги гледам/следам медиумите од критички аспект. Можеби понегокаш претеруваm обидувајќи се во секој прилог на ТВ или секој текст во весник да ја најдам негативната страна т.е. лошата порака која се испраќа или непрофесионализамот со кој се тие направени, но сепак наидов и на доста примери кои ја докажуваат мојата скепса.

Веќе некое време сум опседнат и со мислите дека многу малку луѓе умеат критички и дестриктивно да ги следат медиуми и се обидувам/е да најдам/е некој начин да влијаеме малку на тоа.

Воведов конкретно беше инспириран од еден пост на Холанѓанецот во Америка Mark Deuze, каде тој пишува што му коментирале неговите студенти на крајот на неговите предавања за минатиов семестар – Student Evaluations

Еве што точно ни е потребно и нам, а го воочиле неговите студенти:

Just about every student makes the same remarks: they think the course is interesting and it seems to make them aware of the dominant role their media (esp. cell phones, iPods, internet-enabled computers) play in everyday life. Some also ‘get’ the next step: that understanding the way media structure and are structuring all aspects of everyday life in fact offers us a mirror on a changing global society in terms of its fragmented (think social isolation and disintegration of the nuclear family), networked (think glocalization), and convergent (think worldwide virtual as well as geographical migration) character. …Student Evaluations

Медиумите денес не само што се неизбежен дел од секојдението туку тие се и доминантен дел од истото, затоа не ми се чини дека претерувам кога континуирано се обидувам да го разглобам и „демистифицирам” тоа нивно влијание.

Ако претерувам, потсетете ме. Ова се однесува на луѓето со кои се дружам почесто, па може им здосадувам 🙂

3 коментари на “Перцепција на медиумите”

  1. Томе

    Па што е до мене, имаш публика :). Тоа анализирање на медиуми, пренесувања на содржини, некако ми стана познато… веројатно и јас трујам луѓе околу мене со такви муабети. А мислам дека на медиумскиот простор му е потребна таква „критична маса“ на контра-мислење. Е сега, квалитетот на тоа мислење е секако предмет на калибрација 🙂 меѓутоа кога е составено од повеќе компетентни извори, секако дека вреди.

  2. GoodBytes

    Не претеруваш. И јас сум на иста линија на размислување со Томе. Медиумите се тие кои трујат, најчесто верглајќи една иста теза само од незнаење. Застрашувачки е тоа што критичкиот филтер при примање на информациите најчесто е со низок квалитет и пропушта многу гадости, почнувајќи од дезинформации па сè до перење мозок.

Коментарите се затворени.