Media & Marketing Blog

„Време“ и „Шпиц“ само на интернет

Ико во коментар на претходниот пост (демек) ме провоцира да пишам нешто за отсуството на Време и Шпиц на трафиките.

А и немам некој став, виша полита е тоа :), замрсени сметки, љубов и омраза, се надевам дека еден ден ќе има документарец на дискавери или сапуница на А1 па ќе ни се разјасни целава ситуација 🙂

А во меѓувреме би сакал само да го поздравам секогаш оптимистот Развигор кој додаде нов аспект на овој настан.

Од денес дневните весници „Време“ и „Шпиц“ ќе излегуваат само на интернет.

…Но и откако ќе најдат друга печатница, тие сепак ќе влезат останат во историјата како прв македонски весник кој барем во еден период преминал од хартија на интернет. …Развигор

За да биде прикаската поголема Дневник излезе со инфомација дека Чом си оди од А1.

Во прилог линкови со изворните инфомации: Време, Макфакс, Дневник, A1

2 коментари на “„Време“ и „Шпиц“ само на интернет”

  1. Jeton

    Некогаш во лоши случки има и нешто добро.

    Но не сум толку сигурен дека Време и Шпиц се среќни со овој епитет „Единствени Online Весници во МК„ 🙂

Коментарите се затворени.