Media & Marketing Blog

Ако продаваш, треба да те има на Википедиjа

Википедиjа, стара само 8 години а веќе има повеќе од три милиони написи само на англиски, покривајќи ги сите главни компании како и многу од малите компаниии. Дали вашата компанија треба да биде на Википедија? Ако сте насочени кон потрошувачите тогаш мора да ве има на Википедија. Луѓето ја посетуваат Википедија за основни информации за вашата организација или компанија. Доколку сакате вашата компанија да ја има на Википедија следете ги следниве чекори:

  1. Започнете со генерални кампања за односи со јавност. Колку повеќе ве има во медиуми толку повеќе ќе бидете присутни и во друштвените медиуми и на блоговите. Вашата интернет страница мора да биде ажурирана и да нуди целосна информација за вашата компанија. Поврзувањето со блогосферата е многу важно.
  2. Волонтирајте за Википедија. Сите волонтери на Википедиiа пишуваат на различни теми и ќе биде лошо доколку ваша единствена цел е да ја промовирате вашата компанија или производ. Потрошете дел од вашето време за да придонесете на темите кои се во ваша експертиза. Ова ќе ви даде добра слика за тоа како Википедија работи.
  3. Проверете дали вашата компанија е веќе на Википедиjа. Можеби ова ви изгледа премногу очигледно, но сепак, не сите проверуваат дали нивната компанија е веќе таму. Можеби ќе најдете дека вашата компанија е спомната во различни записи, но нема свој сопствен. Ако е така, предлагаме да се додадат информации во записот каде вашата компанија е спомната отколку да се креира целосно нов запис.
  4. Дознајте дали имате експерт во куќата. Проверете дали некој кој работи во вашата компанија е Википедија волонтер. Ако е така, тогаш таа личност ќе ви биде од голема помош за да ја пронајдете најдобрата стратегија за вашата компанија да се појави на Википедија.
  5. Учи од Википедија. Има многу записи како и луѓе кои ќе ви кажат како да креирате запис и кои се правилата.
  6. Започнето со една до две реченици. Не пишивајте текст од 500 или 1000 зборови затоа што ќе биде отстранет веднаш.
  7. Вклучете линкови кон надворешни интернет страници. Запамтете дека се што ставате на Википедија треба да биде референцирано до претходни записи и „википедџиите“ ќе бараат линкови за вашата компанија во други записи и други референци, а не само на вашата интернет страница. Всушност добра идеја е на почеток да вклучите само надворешни референци, да не го вклучувате линкот до интернет страницата на вашата компанија.
  8. Имајте нерви. Запомнете дека секој може да напише нешто за вас на Википедија. Доколку се соочите со некој запис кој не е точен или ја извртува вистината најдобра стратегија е да се обратите на заедницата на Википедија. Промена на записот од ваша страна ќе изгледа како цензура. Никој од вашата компанија не би требало да проба да го промени записот.

Додека го пишував записов направив и мало пребарување на англиската и македонската Википедија за да видам кои од македонските компании се веќе присутни таму:

  • Македонски Телеком (мк, ен). Страницата на телеком има највеќе содржина и е најдетална. Ги има вклучено ребрендирањата, како и клучните луѓе на компанијата. Исто така има и врска кон страницата на подбрендот Т-мобиле Македонија. Треба да има повеќе референци и надворешните линкови, да не се само до официјалните интернет страни на компанијата.
  • Космофон (мк, ен). Англсиката страница има повеќе информации, но ниту на аглиската ниту на македонската страница на Википедија нема информација дека Космофон е ребрендиран во One. Недостасуваат информации за клучните луѓе во компанијата. Референци воопшто нема и надворешните линкови се само до официјалната интернет страница на компанијата.
  • Вип Оператор (мк, ен). Брендот на двете верзии е различен. На македонската е Вип додека на англиската е Вип Оператор.
  • МЕПСО е присутен со еден параграф на македонската Википедија.

Други компании јас не можев да најдам (се извинувам доколку некоја ја има, а не ми текнало да ја побарам). Ја нема ниту Скопска пивара, Прилепска пиварница итн, но го има брендот Скопско на македонската википедија и на англиската но под Хајнекен брендови.

Оргиналниот запис тука.

2 коментари на “Ако продаваш, треба да те има на Википедиjа”

  1. Милош

    Веќе кажав и на твитер – Википедија не е простор за реклама, ни Yellow Pages сервис. Нема потреба сами да креирате статија за вас – има доволно волонтери кои би се нафатиле на таква работа.

    На Википедија на македонски јазик има неколку статии кои се пример за прекршување на ова правило, и прашање на време е кога ќе бидат тргнати или драстично изменети.

  2. Mite Kuzevski

    Милош јас се сложувам со тебе и како што одговорив на твитер ако добро ги прочитате препораките никаде не се наведува дека треба сам за себе да креираш статија. Напротив, сите препораки посочуваат како волонтери тоа да ги направат за тебе односно како да бидеш забележан од википедџиите за да креираат статија за твојата компанија.

    Една од препораките е активно да се вклучиш како волонтер и да пишуваш статии кои се доменот на твојата експертиза, со што би дознал како функционира вики заедницата. Во препораките е дека дури и кога ќе најдеш невистина за твојата компанија дека не треба сам да ги корегираш затоа што ќе се смета за цензура, туку дека треба да се обратиш до вики заедницата која доколку увиди дека си во право за тебе ќе ја корегира статијата.

    Се на се, целта на препораките е преку активно креирање на содржини на Википедија (не за самиот себе) е да станеш дел од заедницата која полесно ќе те препознае и така ќе ги зголемиш шансите некој од волонтерите да напише статија за твојата компанија или организација.

Коментарите се затворени.