Media & Marketing Blog

The Daily за iPad: Последни реакции

Ни се враќа назад како гостин уште еднаш Милчо. Тој на блогов веќе неколку пати пишуваше за iPad и за The Daily, дел од новинската индустрија кој веќе некое време е најактуелен во медиумските кругови. Вчера Милчо испрати нов текст кој се почувствува обврзан да го напише зошто мораше да ја заврши приказната до крај, исто како што за заврши и The Daily 😉

Еве го неговиот краток осврт:

Искрено не сакав овој текст да се случи. Се надевав дека овој медиум ќе ги смени работите од корен и на подобро. Не се случи тоа што сакав.

Се повтори старата пракса. Она што се случи со The Daily e исто како електричен автомобил да носиш на редовен сервис-проверка кај мајстор у маало кој има сервис у гаража пред зграда. И малце чудно е кога мајсторот бара да друка на кумплунгот а колата електрична и автоматик. И на крај – по година две, овластени за сервисот се компаниите за производство на моторни масла па мораш да го носиш таму електричниот автомобил.

the-daily

И сега ќе стигнеме таму каде можевме во 2012 ама тој ден ќе го дочекаме 2020.

Еве дел од приказната како заврши The Daily: Why Did The Daily Die? The View From Inside the Collapse

Еве го и коментарот на Huan Senor во 2011: The Daily: No exclusive news is bad bad news

Во Америка згаснуваат весници основани 1800 и некоја. Пазарот го бара својот нов модел, како ќе изгледа не знаеме уште. Но да не звучам песимистички. Сепак надежта последна умира.

Можеби некоја стартап команија во дигиталните (весникарски) медиумски води ќе ги промени, зошто очигледно на медиумските компании не им баш лесно од рака ова 🙂