Media & Marketing Blog

Сите го сакаат тоа вирално!

Баш ни е забавно кога гледаме некое кул клипче на YouTube. Баш НЕ ни е многу забавно кога ќе сфатиме дека со саати сме заглавиле на YouTube гледајќи интересни клипчиња. Ама добро знаеме дека пак ќе го направиме тоа во некоја друга пригода 🙂

Пред некоја недела налетав на еден фин пост кој наведува топ 5 вирални кампањи за 2008 година: Top 5 Viral Marketing Campaigns of 2008.

Некои ги знаев, некои не. Ама тоа не е ни важно зошто за ниту една не ја знаев позадинската приказна толку детално. Не знаев кој и со која конкретна цел ги правеле. Е штом човек веќе ќе согледа на кое ниво на софистицираност се креираат кампањиве станува сомничав во се и сешто.

Пред некоја минута на твитер (да, досаден сум со твитер, знам) кликнав линк до следново видео:

За непололна недела погледната е скоро 900.000 пати и има над 9.000 коментари. И што мислиш дел од кампања е ова или е навистина нечие домашно видео? Не сум чепкал по интернетов во обид да откријам, одговорот ќе го бараме заедно.

Патем од претходните топ 5, мене најмногу мебендиса онаа за Guys Backflipping Into Jeans – Levi’s

Имај на ум Levi’s не ставиле никаво лого на кампањава.

И сега ова за Wii, има цел тим позади или не?

Патем ако по некоја случајност стугнете до видеото со дечките кои фрлаат наочари, не го пропуштајте ова видео: Catching Glasses” Explanation

2 коментари на “Сите го сакаат тоа вирално!”

  1. Perlengkapan bayi

    Wow, marvelous blog layout! How long have you been blogging for? you make blogging look easy. The overall look of your site is great, as well as the content!. Thanks For Your article about Сите го сакаат тоа вирално! | К О М У Н И К А Ц И И .

Коментарите се затворени.