Media & Marketing Blog

Следува квалитет

Македонскиот медиумски простор во изминативе десет години требаше да се освојува. Тоа се случи. Се плурализираше пазарот и сега е неопходно да се работи на квалитетот. Погрешно е да се очекува дека тоа може да се направи брзо, но мојот впечаток е дека не се тргнува во тој предизвик. Постојат еден куп објективни причини зошто тоа не се прави, но фактот дека како сме тргнале еден ден наместо информации медиумите ќе станат пилјарници, треба да не замислат дали веќе сега не треба да влеземе во пресметан ризик и да вложиме во градењето на нови стандарди. Немам дилеми дека тоа треба да се прави, а секогаш постои начин, па дури и на ваков сиромашен пазар и сиромашно стопанство тие процеси да стартуваат.

Миле Јовановски, генерален директор на МПМ
во интервју во КАПИТАЛ

Значи требаше прво да почекаме на ефтини и полутрајни финти да се збогатат медиумите, а дири сега полека да почне развој на нивниот квалитет. Ај да се надеваме на најдобро.