Media & Marketing Blog

2010, година кога ќе почнеме да плаќаме за вести на нет?

paywall2009 се зборуваше на големо дека наскоро ќе следауваат посериозни обиди за наплаќање на вестите/информациите кои ги добиваме бесплатно на интернет. Да не ја повторувам истата приказна, мојот став на оваа тема го кажав во претходниот пост: Вести со платно… или…под кои услови би платил за вести?

А овој пост го пишувам за да ги споделам првите знаци на она што се дискутира/ше во изминатиов период. Guardian.co.uk започна со продажба на своја апликација за iPhone/iPod. Истата чини $3.99, еве видео со краток опис:

New York Times најави активирање на модел со претплата…

…a final decision could come within days, and a senior newsroom source agreed, adding that the plan could be announced in a matter of weeks. (Apple’s tablet computer is rumored to launch on January 27, and sources speculate that Sulzberger will strike a content partnership for the new device, which could dovetail with the paid strategy.)

Чирај повеќе на New York Magazine: New York Times Ready to Charge Online Readers

А на темава, The Economist на почетокот на годинава направи пресек на ситуацијата и најавите за тоа кој, кога планира да преземе нешто на темава: The year of the paywall. Во заклучокот на оваа анализа се потенцира:

There are plenty of examples of paid content thriving even when free alternatives are available. There are a great many paid-for newsletters, from the Stockman Grass Farmer to the Gaming Industry Weekly Report. Punters are happy to pay for multichannel television even though commercial broadcast television is free. Such alternatives thrive because they offer desirable content. One considerable advantage to building a paywall is that it forces newspapers to think hard about what their customers (as opposed to their advertisers) might really want.

И мислам дека е редно време медиумските компании (читај весниците) да се свртат кон публиката а не кон огласувачите.

5 коментари на “2010, година кога ќе почнеме да плаќаме за вести на нет?”

  1. Томе

    Добро, кај Guardian сепак плаќаш за апликацијата (сега за сега), како и за секој фенси iPhone app. Барем како што изгледа сега за сега, цената не е врзана со содржината.

  2. Darko Buldioski

    Оваа апликација нуди веќе бесплатно достапни вести… само запакувани на друг посоодветен начин. Токму тоа е она што го зборував во мојот претходен пост на темава… мора да понудат нешто повеќе…

    (http://komunikacii.net/12/07/vesti-paywall/)

    Се сложувам оваа апликација не е најочигледниот пример , но сепак наговестува многу 🙂

  3. Anonymous

    Мислам дека планот да се напаќаат вести преку претплата е однапред осуден на пропаст. Причината е што е премногу комплексен, гледано од гледна точка на корисникот. Ако јас треба на 10 (или повеќе) различни сајтови да имам „акаунти“, да плаќам претплата и да водам сметка кога и колку сум платил, побрзо ќе се откажам од читање на вести на интернет 🙂

    Имаше уште пред 10 (или повеќе) години идеја да се созададе глобален систем на „микроплаќања“ (micropayments). Јас прв пат ја сретнав кај Јакоб Нилсен. Идејата беше дека секој корисник се пријавува на тој систем и отвора еден централен акаунт, а потоа наплатата, во најголем број случаи, оди во „позадина“ без воопшто да го попречува „сурфањето“ на интернет од страна на страна и од сајт на сајт.

    Идејата беше дека главнината од содржините (на пример една вест на сајт со вести) би биле евтини и би чинеле по 1 цент и во таков случај наплатата би се извршила без какво било известување на корисникот. Доколку некоја содржина продавачот сака да ја наплати поскапо, тогаш би се јавило предупредување и корисникот би можел да избере дали ќе ја плати цената или ќе се откаже од гледање на содржината.

  4. Anonymous

    Одамна зборам дека првиот момент кога ќе почне да се наплаќа, ќе се појават Пиратите-од-зад-Карпатите. Иако, „дерз ноу фри ланч“, па кај и да е ќе биде нешто.

Коментарите се затворени.