Media & Marketing Blog

24Сата – Србија

И вака се важи: На 16 јануари 2007 година блогот newspaper innovation ја објавил веста за новиот српски бесплатен дневен весник 24Сата (Ringers free daily in Serbia). Тоа што весников излегува повеќе од 80 броја т.е. петти месец не им посметало ни на Еditors Weblog, па и тие ја пренеле оваа вест на 17 јануари (Serbia: freesheet launched).

Сепак како и да е, (дел од) светот кога тогаш дознава за новиот дневен весник во Србија, за разлика од нашите дневни весеници за кој ретко се среќава нешто на англиски по светскиве сајтови.

Информацијата како таква и не ми го привлече многу вниманието се додека не воочив на што се посветува внимание кога станува збор за бесплатен дневен весник. Начинот на негова дистибуција е составен дел од двата написа.

The 150,000 copies of 24 sata are distributed mostly through bus stations. …Ringers free daily in Serbia

24 sata has a circulation of 150,000 copies, distributed mostly in bus stations. …Serbia: freesheet launched

Знам дека Шпиц е на заслужен зимски одмор (неофицијално: ќе се врати во понеделник) ама пак ќе повторам дека за еден дневен бесплатен весник дистрибуцијата е најважна работа. Кој на тоа посветува внимание кај нас?

2 коментари на “24Сата – Србија”

Коментарите се затворени.