Ој ти моме срцоломке!

Како што бројот на медиумите расте, а тие истите непрекидно се„развиваат“, така расте и се развива бројот на начини на кои медиумите си поигруваат со публиката, манипулираат со нив, ги „инволвираат“ во своите програми, со една пре-доминантна цела, а тоа е…помфрит, пардон профит :)

Ако homo localicus помисли дека Сабрина и Саше Фактор-Х се врвот и НБА лига на ТВ-пророштвото, не избрзувајте, поразвиените земји нашле и помангупски начини да го развиваат тој благонадежен тв-сектор.

Едно од врвните достигнувања на ова поле секако е „Срцоломка“ , дел од локалните тв кабелски понуди, на хрватската СМС (Croatian Music Channel).

Како функционира оваа тв-кошничка за лесна паричка?

Праќате СМС со име и место на персона која ја симпатишете или сте во врска, а можеби и во брак, и voalla сите ваши дилеми и сомнежи се на пат да бидат одговорени!

untitled.JPG

dscn3947.JPG

И замислете си само еден, пост фестум на овој начин медиумски поттикнат, секојдневен муабет:

-Ало?

-Ш’о бе ало, ти нa мене ало, кажи, кај се акаше синоќа?

-Ти кажав душо, бев кај другарите, гледавме ракомет, квалификации за светско.

-Ќе ти дадам ја на тебе квалификацци за светско, знаев дека фаќаш кривини, не ти е срам на телевизија да те гледам со други женски? – туп.

-?!????


sead93

Сеад е магистер по комуникации кој проучувањата во комуникациската наука ги фокусира на популарната култура, новите медиуми и пропагандата. Издал две книги збирки културолошки есеи (двете во 2002) и редица текстови во неколку списанија во земјата и надвор од неа (Lettre International, Наше писмо, Блесок, Културен живот, Разгледи, Balcanis…). Со својата смисла за хумор, неуморно „им го прави денот” на голем број интернет корисници.
This entry was posted in Media. Bookmark the permalink.

5 коментари на "Ој ти моме срцоломке!"

Коментирај!