Media & Marketing Blog

ТВ извештај

Телевизија низ Европа. Тоа е насловот на публикацијата која ја изготвил Институтот Отворено Општество (ОSI) во текот на минатата година. Не знам како но јас сум ја испуштил оваа публикација која излегла во октомври 2005.

Публикацијата е дел од работата на EUMAP а покрива 20 Европски земји – членки на ЕУ и нејзини потенцијални кандидати. Издадено на 1,662 страни ова е најобемното истражување од ваков тип.

На делот за Македонија работеле Весна Шопар (ИСППИ) и Ветон Латифи (ЈИЕ). Повеќе за овој проект може да прочитате тука. А PDF од делот за Македонија на англиски може да симнете тука (pdf 3128k).
Телевизијата во Европа: прописи, политика и независност. Преглед + МАКЕДОНИЈА (pdf 1500k)