Толковен речник на новинарски жаргонизми

-Од извори блиски до Владата = секретарката на министерот му кажала на шефот на набавки, а овој на шоферот, кој ми е школски од средно.

-Партиски извори од X тврдат = чистачката на партиските простории наслушнала…

-Експертите велат = професор ми од студии со кого си го имам муабетот мисли…

netartnews-739607.jpg

-Неофицијално = со ова журналистичка мантра си ги маскирам личните шпекулации и ги внесувам во текстот за да тој биде подолг и попровокативен за читање, а не може никој да ги демантира оти никој пак не знае кој наводно го кажал тоа што стои во текстот под „неофицијално“.

-Во јавноста се шпекулира = помеѓу новинарите се шпекулира…

-По кратка пауза со реклами, се враќаме на вестите = по куса пауза со вести, се враќаме на рекламите (copyrights Баждарџијата)

(to be continued…).


sead93

Сеад е магистер по комуникации кој проучувањата во комуникациската наука ги фокусира на популарната култура, новите медиуми и пропагандата. Издал две книги збирки културолошки есеи (двете во 2002) и редица текстови во неколку списанија во земјата и надвор од неа (Lettre International, Наше писмо, Блесок, Културен живот, Разгледи, Balcanis…). Со својата смисла за хумор, неуморно „им го прави денот” на голем број интернет корисници.
This entry was posted in Local. Bookmark the permalink.

6 коментари на "Толковен речник на новинарски жаргонизми"

Коментирај!