Дома имаме по „многу” телевизори

Насловов е мојата слободната интерпретација на веста објавена на Тотал.ком.мк. Имено тие се повикуваат на последните податоци објавени од Советот за радио дифузија (СРД) и велат:

Дури 44% од македонските семејства имаат повеќе од еден телевизор. Околу 38% од граѓаните имаат видеорекордери, а 33% ДВД плеер, покажуваат податоците на Советот за радиосифузија за минатата година. Телевизија, преку кабелска гледаат 21,2%, а преку сателитска 14% од популацијата. …Тотал

Се разбира нема потреба да се истакнува дека повторно гледаме повеќе ТВ од Европа. Сепак мене ме интересира колку тоа ТВ приемници има во МК, се обидов да најдам податок на стат.гов.мк за бројот на семејства во МК и сакав да помножам, ама некако не бев сигурен колку е ова повеќе од еден ТВ по дома? Дали е тоа 1,2 или 1,4 или пак се бројат како цел телевизор па повеќе од еден е два, пошто расипаните не се бројат така?

Податоциве се оскудни, но доволни уште еднаш да ја потенцираат потребата од загриженост, бидејќи премногу народ е зависен од ТВ.


Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тешка музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in Local, Media, Technology. Bookmark the permalink.

1 коментар на "Дома имаме по „многу” телевизори"

Коментирај!