Media & Marketing Blog

Паника!!! Паника!!! Дневник добиле SPAM

Уште еден одличен пример за медиумска паника, како и обично пренадувана и тотално непоткрепена. Текст на Дневник: Лажна интернет-лотарија ја напаѓа Македонија (линкот ќе се смени, барајте издание од 21.јануари.2008):

Стотици македонски државјани добиваат имејл-порака дека се добитници на огромна сума пари на интернационални лотарии што со измама крадат лични податоци и банкарски сметки

За подолу во текстот да сфатите дека меил добиле кај нив во редакција, и потоа решиле да истражуваат. И нормално во меѓуреме консултирале експерти:

Експертите велат дека голем број интернет-корисници наседнуваат на ваквата измама мислејќи дека ќе се збогатат, но на крајот остануваат без пари.

Се разбира експертот е познатиот интернет-експерт од Скопје

Убава тема, особено во време кога секој втор ден по медиуми е присутна агенцијата Дирекцијата за заштита на лични податоци, но не сум сигурен дека секогаш мора да се оди на клише сторија која само сее страв и паника а има минимална едукативна или информативна компонена. Башка ете од дирекцијата им кажале дека не е страшно. Една убава детална сторија со објаснување за различните видови интернет измама и крадење на лични податоци, па мерки за заштита па конкертни примери и сл. би била далеку подобра опција. Барем мене така ми се чини.

4 коментари на “Паника!!! Паника!!! Дневник добиле SPAM”

  1. sead93

    Многу ми се допаѓа овој дел од текстот од Агенцијата за заштита на лични податоци: „Апелираме граѓаните да ги игнорираат пораките бидејќи станува збор за класична измама. Тие звучат премногу добро за да бидат вистинити“….WEhaaat?!? Тоа е критериумот за препознавање на класична измама?

  2. GoodBytes

    Направиле SF филм од ништо, shaking in cold water… или како што велеше мојот иманентно шеговит професор по Јоко ОНО и ОСЗ од сТредна школа:

    „Читам јас така во Нова Македонија: 'Директор спасио предузеће'!“

Коментарите се затворени.