Media & Marketing Blog

НАТО, НАТО, мое злато, тралалала

Во случај да не сте гледале ТВ вести последниве недели (месеци?), а би сакале да дознаете што сте пропуштиле, следи пригоден сумариум на содржините:

НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО,1e_nato.gif НАТО,…Северноатлансскиот пакт, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, Алијансата, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, Алијансата, Северноатланстскиот пакт, НАТО, членство во НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО, НАТО,, Алијансата, НАТО, НАТО, НАТО, влезот во НАТО, НАТО алијансата…

За жал немам прецизни статистики, а како ми изгледа ќе се заинатам, или јас или Дарко 🙂 за едно „семантичко облаче“ на темава. Па добро другари новинари, очекувавме да ја експлоатирате темата, ама ова веќе е премногу и за затапените сетила на индиферентниот локален ТВ гледач и читател. Ексик! Мислам дека и на малите пилиња на врапчињана им е јасно „ќе има покана, Грците ќе ја тегнат (колку што ќе можат х 10), за ратификација“ (во стилот имате покана за забава, ама слонот на врата не ве пушта). Коњец. Дајте прејдете на наоѓање вистински информации, важни и интерсни за гледачите.

Опседнатоста на новинарите со темата, која секако е слика-копија на феноменот на „Rolling News“ спомнати претходно на блогов, па наместо опседнатоста со холивудските ѕвезди или форсираните срцепарателни приказни, кај нас се пресликува, со стилско-локална модификација, нејзиното свето височество политиката.

И потоа некој нека ми каже дека форсирањето на толку сапуници во медиумите нема последици, кога ете овде „посапуничените“ новинари чувствуваат дека можат да ни шитнат едно 546 епизоди на сапуницата „Забранета љубов, влез во НАТО“ фичринг Antoniňo, Brankorio, Nicoliňo, Gabriella и злобната Dora.