Media & Marketing Blog

Не е сеедно

Не сум новинар, а и не сум учел новинарство. Ама од тоа што сум го учел и прочитал последниве неколку години разбрав дека структурата на новинарскиот текст во голема мера зависи од медиумот за кој се спрема.

Aneta NakovskaПа така нели и интернетот си стана медиум или нешто таму внатре во интернетот стана медиум, не е важно, па автоматски се појави нов тип на новинарство онлајн новинарство, или интернет новинарство или online journalism, како и да е. Ништо ново не сум кажал, знам. Ова е ептен старо. Ама ќе мора да се повторува се додека не сфатат медиумите во нашава држава. Не се пушта истиот текст на ТВ и на сајт, не се става истиот текст во весник и на сајт. Точка. Мора да се смени ова. Ако сакаат медиумите архиви, ете им дискови нека режат. Еве го последниот пример кој ме натера да го пишам постов:

Наслов: Кога ме фаќаат ништо не чувствувам

Поднслов: Фолк -пејачката Анета Наковска по шест години со силиконски гради, сака да ги вади. Вели, ги чувствува како нешто туѓо. Најмногу и пречи тоа што при допир на градите, не ги чувствува.

Текст: Фолк -пејачката Анета Наковска по шест години со силиконски гради, сака да ги вади. Вели, ги чувствува како нешто туѓо. Најмногу и пречи тоа што при допир на градите, не ги чувствува.
“Признавам дека при допир чувството на градите ми е намален и тоа малку ми пречи. Градите се најосетливиот дел на женското тело. …Вест

Четри пати по ред се повторува истата работа. Еве и еднаш од мене: Анета Наковска вели дека не чувствувала ништо кога и ги допирале градите.

До кога нашите медиуми ќе гледаат конкуренција во своите интернет сајтови? И кога веќе еднаш луѓето од маркетинг ќе научат дека може да се продадат реклами и на интернет?

За да нема рекции во коментари, еве да напоменам дека не важи ова за сите медиуми. 🙂 Ама малку се тие за кои не важи.

5 коментари на “Не е сеедно”

  1. iacovibus

    *LOL*

    Апосултно си во право. Но нашите тоа ќе го сфатат за околу две-три децении.

    Уште еднаш и од мене: Лицето АН признало дека прагот на толерантноста на допир на градите абнормално е зголемен по инсталирањето на силиконски импланти во градите, со што истото лице има проблем.

    П.С. Вест не е весник. Вест е повраќаница од весник.

  2. sonja

    И јас не сум новинар но можам да забележам добра и лоша вест.Исто така можам да забележам кога нешто е добро напишана ,а нешто е некако нападно да неречам и вулгарно.Колку што сум јас информирана во етерот на пишаните медиуми има од сите видови и подвидови т.е. оваа информација можеше да оди во друг медум наменет за такви вести. Јас лично многу го читам ВЕСТ но понекогаш ми се чини дека на насловна страна ставаат некои работи на кој не им е тука местото.

  3. слобода на

    Цицка… а не силикон… епа сама си сакала нови, па сеа и новите нечинат… А Вест се повеќе наликува на дневен жолт печат… немаме ние квалитетни дневни печатени медиуми… Пусто се нема финансии, инаку би основал печатен медиум… хмм… можеби во идно време кога ќе имам милион зелени 🙂

  4. dok

    Па за џабе ли одеа да учат од америте? Види вести како се најавуваат.

    „Вечерва во вестите/дневникот ќе гледате:

    … А го опнал по глава Б … Брисел ни кажа … Во Србија … Во Ирак … Во Авганистан … Спорт … Утре ќе врне… ”

    Па потоа шпица за вести/дневник и најава: „Настани на денот: … А го опнал по глава Б … Брисел ни кажа … Во Србија … Во Ирак … Во Авганистан … Спорт … Утре ќе врне.., се враќаме по рекламите ”, Шпица-Реклами-Шпица и тадам почнува информативната програма: „… А го опнал по глава Б …”

    Не ми е јасно зошто се чудиш, им требаше толку обука да научат 4 пати во 1 саат да ти кажат исти работи. Зошто, ама стварно ЗОШТО се надеваш дека би било поинаку на web или ttx?

  5. Darko Buldioski

    Токму тоа, на тв по правило иде 4-5 пати истата работа, за да запамтиш, со гаранција.

    На веб, не.

Коментарите се затворени.