ТВ програма 2.0

Иако он-лајн информирањето за распоредот на програмите на локалните телевизии (т.е. оние со национални концесии) е со тренд на подобрување, ценам, како добронамерен тв-гледач, дека истото уште не е на задоволително ниво, имајќи го предвид и тоа дека веќе надминатиот телетекст во светски рамки, кај нас не ни виде светлина многу-многу (само А1, Сител и Канал 5 дистрибуираат телетекст информации). Иако мрчењето е најлесна и најнеблагодарна работа воедно, сепак да се укаже на големиот, преостанат, простор за подобрување кој локалните медиуми на овој план, е благородна работа.

Работите во реалноста стојат некако вака:

А1 ТВ програма (навременост ок, опис на содржини просечен, со можност за подобрување)

СИТЕЛ (навременост ок, содржини нула)

ТЕЛМА (навременост слаба, т.е. според сајтот испаѓа дека Телма нема никаква програма преку викенд, содржини нула)

МТВ (навременост ок, содржини нула)

КАНАЛ5 (навременост ок, содржини нула, башка програмата треба да ја побарате под „емисии“ и после таа ви скрола од страна и нема прегледност, без везе :(

А како тоа би требало да изгледа?

Па вака некако:

untitled1.JPG

Cudos to Darko156 :)

Не знам дали се работи за шега, но само кај црногорските телевизии пишува „NEMA PODATAKA“. Дали е тоа последица на поговорната мрзливост на црногорците останува да се види.


sead93

Сеад е магистер по комуникации кој проучувањата во комуникациската наука ги фокусира на популарната култура, новите медиуми и пропагандата. Издал две книги збирки културолошки есеи (двете во 2002) и редица текстови во неколку списанија во земјата и надвор од неа (Lettre International, Наше писмо, Блесок, Културен живот, Разгледи, Balcanis…). Со својата смисла за хумор, неуморно „им го прави денот” на голем број интернет корисници.
This entry was posted in Local, Media. Bookmark the permalink.

5 коментари на "ТВ програма 2.0"

Коментирај!