Media & Marketing Blog

Шпајз канал

Според важечкиот „Закон за радиодифузна дејност“:

Македонската радио-телевизија ја сочинуваат три телевизиски и четири радио програми, а на локално ниво 29 радио станици кои се во процес на трансформација во трговски радиодифузни друштва. Македонската телевизија емитува еден (1) програмски сервис на македонски јазик (МТВ1), еден програмски сервис на јазиците на немнозинските заедници (МТВ2). Третиот телевизиски програмски сервис (МТВ3) се трансформира во Собраниски канал, наменет за емитување на активностите на Собранието на Република Македонија.

Тоа е словото на Законот, а како тоа се имплементира и изгледа во реалноста? Изгледа како што вели и насловот, Собранискиот канал служи, покрај предвидените реалити шоуа од Собранието, кои често се на граница на политичката, етичката и законска коректност, како шпајз за сите оние програми што не може програмата на првиот канал да ги собере. Најчесто тоа се спортските настани и другипрограми во живо.

mtv3.gif

Во што е проблемот? Проблемот е во конципирањето на програмската шема на програмите на јавниот сервис, кој како и се друго, главно функционира на бутур-систем, што пластично кажано би било како да си купите одело кое знаете дека не ве собира, и згора-на-тоа, да го платите прилично. Ако големите планери знаат дека програмите што треба да одат на првиот канал не ги собира на истиот зошто тогаш законски ги регулираат работите на овој начин? И да речеме кога има и Собрание и спортски настан, Собранието, се разбира, има предност, и тогаш ние љубителите на друг вид забавни програми што правиме? А на сајтот нема ни распоред за овој канал, па најчесто настаните кои се пренесуваат на него се пропуштаат.

Решение? Барем нека го преименуваат каналот, за сега, а постапно нека го сменат концептот. Ако „Шпајз канал“ е неприфатлив, тогаш можат да се земат предвид некои од овие предлози: забавно-собраниски канал, колажно-собраниски канал, Reality TV, канал за возрасни…