Отпишаните

Скептицизмот од претходниот пост, во врска со денот за заштита на личните податоци, за жал бргу се материјализираше преку ситуацијата со „о-без-податоч-ените“ кумановци кои протестираа денес. За сите нас ова секако е грубо потсетување до каде сме на овој план и колку сме далеку од европскиот узус. На овие наши сограѓани МВР толку добро им ги заштитиле податоците што ги избришале за да не може никој да ги злоупотреби :)

Жителите на кумановската населба Ајдучка чешма кои од povratakotpisanih.jpgјануари 2007 се избришани од компјутерската евиденција на СВР Куманово, денеска (28.01.2008) од 10 до 12 часот го блокираа патот Куманово-Свети Николе. Поради бришењето тие не можат да извадат лични документи ниту да пак да ги евидентираат новородените и починатите. „Петнаесет месеци не ни издаваат никакви документи, а началникот на СВР Куманово не знае зошто сме избришани од компјутерите на МВР“, Благо Додевски рече претседателот на месната заедница Ајдучка чешма (Makfax).


sead93

Сеад е магистер по комуникации кој проучувањата во комуникациската наука ги фокусира на популарната култура, новите медиуми и пропагандата. Издал две книги збирки културолошки есеи (двете во 2002) и редица текстови во неколку списанија во земјата и надвор од неа (Lettre International, Наше писмо, Блесок, Културен живот, Разгледи, Balcanis…). Со својата смисла за хумор, неуморно „им го прави денот” на голем број интернет корисници.
This entry was posted in Information Society, Local, Society. Bookmark the permalink.

Коментирај!