Европски ден за заштита на личните податоци

Денес е ден посветен на значењето на заштитата на личните податоци. Иако формалните пригоди (ден за ова, ден за она, а потоа цела година сé по старо) во принцип не ги поштуем(е) многу (феномен на разочарани романтици), сепак ваквите денови можат да се исползуваат барем за јакнење на свеста за некои многу важни процеси како што секако е заштитата на личните податоци и интегритетот на поединецот, кои се прилично доведени под знак прашање со бурните промени во јавната циркулација на секакви податоци, па со тоа и на личните.

Европската регулатива по ова прашање

Изјава на од скора непопуларниот потпретседател на ЕК Фратини по поводов.

Локални импресии по поводов.

Веб-страница на нашите анѓели чувари :) (Дирекцијата за заштита на личните податоци, штета што линковите ич-па-ич не им работат, вклушително и до предлог законот по ова прашање, изгледа тие заштитата на своите податоци ептен сериозно ја разбрале).


sead93

Сеад е магистер по комуникации кој проучувањата во комуникациската наука ги фокусира на популарната култура, новите медиуми и пропагандата. Издал две книги збирки културолошки есеи (двете во 2002) и редица текстови во неколку списанија во земјата и надвор од неа (Lettre International, Наше писмо, Блесок, Културен живот, Разгледи, Balcanis…). Со својата смисла за хумор, неуморно „им го прави денот” на голем број интернет корисници.
This entry was posted in Information Society, Online, Society, Technology. Bookmark the permalink.

1 коментар на "Европски ден за заштита на личните податоци"

Коментирај!