Media & Marketing Blog

Сите се на Facebook, или не?

Глобалниот пораст на бројот на корисници на Facebook не е никаква нова информација. Но кога ќе се разбие публиката може да се добијат повеќе информации. Па така пред неколку дена една Данска консултатнска фирма објави дека 35% од Данците користат Facebook. И токму со оваа бројка им го презедоа приматот на досегашните „најзаразени”, Канаѓаните.

Се зачитав наоколу да видам како стојат другите земји и особено комшииве наши. Видов како тоа го правеле другиве и применив. Еве ги резултатите:

Методот е едноставен, а веројатно и единствен достапен за општа публика. Бројот на Facebook корисници е бројката која самиот сервис ја прикажува кога сакате да таргетирте реклама. Не знам колку човек може да се потпре на оваа бројка, но за жал нема друга.

Пред некој ден, мислам беше недела за Македонија се прикажуваше бројка од скоро 90.000 корисници, денес се помалку. Може да е до периодот од денот, може да е до денот од неделата, не знам. Но сепак методот е ист за сите па во најдесната колона може реално да споредиме каде сме ние во поглед на нашите комшии.

Е сега, едно е колку има статистички, а друг момент е какво е личното чувство. Дали ти се чини дека денес сите се на FB? Не? А кој не е?

7 коментари на “Сите се на Facebook, или не?”

  1. Јетон

    Бев пред една година, 3-4 месеци, и го деактивирав акаунтот.

    Ми се смачи од поканите за вампири, филмови и не знам што.

    П.С. Дарко, Сеад, би било добро да додадете во емаил полето, после e-mail ->Задолжително или нешто друго.

    Ти кажува дека треба да ставиш емаил после пртискање на Сабмит.

    И кога се враќаш назад, коментот е избришан.

    Често пати сум пишувал по втори пат. 😉

  2. iacovibus

    Еве ја не сум 🙂

    Пред една година, правев семинарска за SNS (social network sites) и имав креирано фејк акаунт на fb, hi5, mySpace и остало. Не знам, мене многу ми мирисаше на прокрастинација, да не зборам за шумот.

    Но кај и да е, глеам сите ме тераат да креирам профил, може и да попуштам.

  3. Elena Kostovska

    Хм…имам живеено и во Македонија а и во уште една соседна земја (ај да не ја именувам, ќе кажам само дека според статистикиве горе 9.1% од населението таму е на ФБ :)). За некое чудо (или не), мене ми се чини дека во Македонија скоро сите (што јас ги знам) се на ФБ, такво чувство немав во другата држава. Ама тоа е, други кругови на луѓе, друго чувство…би било интересно да се види сооднос меѓу број на интернет корисници во секоја држава (а не целокупно население) и број на ФБ корисници. Мислам дека работите малце би се смениле така…А може и не…:)

  4. Darko Buldioski

    Добра идеја Елена. Ќе направам апдејт на табелата со тој податок, ама ако има коментари за бројот на интернет корисници во мк, за релевантноста на бројката, ќе ги бришам :))))

  5. igor

    hmm jas imam reklami na facebook, 142 000 mi pokaza. ne znam zosto tolku da varira.

  6. Darko Buldioski

    се менува бројата доста динамично, за жал не усепав тогаш кога гопишував ова да утврдам по која методологија FB ги пресметува тие бројки.

    Но нема други, затоа јас тука ставив и знак за приближно, зошто и самиот FB така наведува.

    Вероајтно некоја бројка по IP адреси, или сл.

Коментарите се затворени.