Информирање на 100 метри со пречки

Локално гледано кои се најбрзите медиуми во однос на пласирањето информации?

Порано важеше дека телевизиите и радиото секако се најбрзите медиуми на кои можете да најдете тазе информации, или да следите некој настан кој е во тек. Ситуацијата сега е прилично изменета. Подемот на он-лајн можностите го смени ова во прилично радикална смисла. Па така ако барате информации каде да најдете најтазе информации (а не сте претплатени на МИА)?

Во последниве неколку недели за жал имаше неколку можности (Бродец, трагично урнатиот воен хеликоптер) каде ова можеше да се тестира и да се види кој каде стои во однос на бризната на информирање (прашањето за квалитетот и содржајноста е сосема друга тема). Според ова неодамнешно искуство, и за сега, вака некако стојат работите:

-Агенции: МИА и Макфакс најбргу лиферуваат информации, но претплатничкиот модел на МИА ги става вон конкуренција. Информациите кај нив за џабе може да ги следите само на нивниот тикер. Макфакс релативно бргу пласира информации достапни на нивниот сајт, но недостатокот е обемот, па по некоја сопствена селекција тие следат одредени настани бргу, некои не ги следат воопшто, а други само ги апсолвираат по одредено време, веројатно се работи за објективни ограничувања (луѓе, логистика, средства).

-Телевизии: Во однос на ТВ програмата, редовни термини за вести се следниве: први по бризна и бројност се МТВ- 07, 10, 13, 16:55, 19:30 и 22:55, потем А1-16:30, 19:00 и 23:00 (плус утринските репризи од претходнито ден во 07, 08 и 09 часот), Канал 5 – 17:00, 19:00 и 23:00, Сител 16:00, 18:00, 21:00 и 00:00 (плус утринскио брифинг од последниот ден 08, 09ч), Телма – 15:30, 18:30 и 21:40ч. Секогаш останува просторот за вонредни вести и информирање преку текстуални пораки на екранот додека оди редовната програма. Телетекстот на А1 е најбрз, без конкуренција, која е прилично и слаба за вакви информации. Во однос на онлајн информирањето, најбргу 121.jpgинформации лиферуваат А1, со забелешка дека за одредени настани каде не ги ангажираат своите новинари, информациите се пренесени од Макфакс, па се преклопуваат. По скорешниве онлајн искуства втори се МТВ1, додека Канал 5 покажуваат подобрување, но се уште далеку од А1. И двете телевизии имаат RSS сервиси. Другите телевизии не се вредни за спомнување на темава.

-Весници: Настрана од колпортерската трка за која немам информации, најбрзи се „Утрински“ чиви информации на РСС може често да ги најдете и попладнето (за печатеното издание за утрешниот ден), „Вечер“ кои онлајн изданието го пуштаат некаде околу полноќ, па следат „Дневник“ кои наутро (по 8) го пуштаат онлајн изданието, и на крај „Вест“ (12:00) и „Време“ кои варираат па не можам да ги категоризирам.

-Веб сајтови: Мене лично ми се најорганизирани „Netpress“, а потем следат една група на воодначени сајтови кои селективно пласираат информации (Секојден, Идивиди, Оннет, и слично).

Macedonia Search e згоден прегледен генератор на вести од повеќе медиуми:

Кумулативно, на купче, на ѓутуре, мојата лична топ-листа (а прашањето е секако отворено за дебата и промени) на најбрзи локални медиуми се:

1. Макфакс

2.А1/Нетпрес

3. МТВ1

4. Утрински

5. ….


sead93

Сеад е магистер по комуникации кој проучувањата во комуникациската наука ги фокусира на популарната култура, новите медиуми и пропагандата. Издал две книги збирки културолошки есеи (двете во 2002) и редица текстови во неколку списанија во земјата и надвор од неа (Lettre International, Наше писмо, Блесок, Културен живот, Разгледи, Balcanis…). Со својата смисла за хумор, неуморно „им го прави денот” на голем број интернет корисници.
This entry was posted in Local, Media. Bookmark the permalink.

11 коментари на "Информирање на 100 метри со пречки"

Коментирај!