Media & Marketing Blog

Koj брои посети во Македонија?

Веќе неколку пати ги спомнував тиражите на весниците и кој (и како) ги брои кај нас. Но да ги оставиме нив на страна, ајде да разлгедуваме друго прашање. Кој брои посетеност на интернет сајтови во Македонија?

Се разбира доколку сакаме да функционира системот и доколку сакаме интернетот да заживее како медиум треба на него да се рекалмираат фирми. А како ќе се рекламираат кога нема (какви/такви) податоци за бројот на посети на сајтовите.

Една лажен постер објавен во Англија ме натера да размислувам на оваа тема. Кој од МК весниците има најголема посетеност онлајн? Дали е тоа: Дневник? Време? Вест? Утрински? Шпиц? СекојДен? МакфаксОнлајн?

Пред некое време Моби (уште додека беше нa блогспот) направи две мали анкети. Тука може да се потсетите на резултатите: 1, 2
Знам дека не може како читатели (посетители) да пресудиме кој е најпосетуван, но додека чекаме некакви (по)офоцијални статистики, би сакал да ве запрашам: Кој сајт вам ви изгледа како најпосетуван?

Technorati Tags: , , , , , , , , , , , , , .

2 коментари на “Koj брои посети во Македонија?”

  1. Jeton

    Alexa.com nudi interesni statistiki.

    No ne znam dali se reliable ili ne. Nekoi luge ze zalat deka nacinot na broenje kaj niv ne e bas kako sto treba.

    A za toa koj e najposetuvan, jas bi rekol dnevnik.com.mk

    No, ne me prasaj zosto 😉

  2. Moby

    па штом само на Вест му стиска да стави јавен бројач веројатно сајтот на Вест е најпосетуван .

Коментарите се затворени.