Media & Marketing Blog

Нови медиуми – епизода описменување

Овде-онде некој ќе нафрли само по некој збор дека е потребна едукација за ова, едукација за она. И тоа најчесто се завршува (ако воопшто започне) со некој викенд обука која има делумен ефект. И тоа е подобро од ништо. На тема медиуми и особено нови медиуми обуките се малку потенки.

Сеад критички посочи на едена од локалните практики, а Радмила одлично искоментира 🙂

Па за да се приклучам и јас малку во оваа тема, ќе се обидам да прафразирам еден документ направен во рамките на Project New Media Literacies (NML)

…a research initiative based within MIT’s Comparative Media Studies program, explores how we might best equip young people with the social skills and cultural competencies required to become full participants in an emergent media landscape and raise public understanding about what it means to be literate in a globally interconnected, multicultural world.

Всушност станува збор за вештини кои треба да бидат вклучени во процесот едукација:

Participatory culture shifts the focus of literacy from one of individual expression to community involvement. The new literacies almost all involve social skills developed through collaboration and networking. These skills build on the foundation of traditional literacy, research skills, technical skills, and critical analysis skills taught in the classroom.

Вештините се:

  • Игра – капацитет да се експериментира со нечија околина како форма за решавање проблем
  • Изведба – способност да се адаптираат алтернативни идентитети со цел да се поттикне импровизација и откривање
  • Симулација – способност да се интерпретираат и креираат динамички модели на процесите од реалниот живот
  • Соодветност – способност за разбирливa употреба и комбинирање на извадоци од медиумската содржина
  • Multitasking – способност за скенирње на нечија околина и способност за брза промена на фокус онаму каде треб да се навлезе во детали
  • Рамномерно распределено сознавање – способност за интерактивна употреба на алатки кои ги надминуваат менталните капацитети
  • Групна интелигенција – способност за прибирање на знаење и споредба на забелешки со останатите со цел остварување на заедничка цел
  • Оценка – способност за проценка на сигирноста и кредибилитетот на различни извори на информации
  • Трансмедиумска навигација – способност за следење на токот на информациите низ канали
  • Вмрежување – способност за пребарувње, синтетизирање и ширење на информациите
  • Преговарање – способност за менување на различни заедници нивно распознавање и почитување на различните ставови и способност за  сфаќање и следење на алтернативните форми
  • Визуелизација – способност за создавање и презентирање на податоци со цел изразување идеи, пронаоѓање на патерни и идентификување на тренови

Не знам колку добар превод направив, за секој случај оригналот е тука: List of Skills А мнооогу повеќе детали за секој од овие точки има во: The white paper Confronting the Challenges of Participatory Culture: Media Education for the 21st Century (PDF 4.4 MB)