Страв лозје чува

Ссепак изгледа за мејнстрим медиуми не важи една друга поговорка: подобро да се спречи отколку да се лечи.

Деновиве се јави загриженост кај светските мејнстрим медиуми на кои почна да им смета крадењето на нивната содржина. Имено членови на Светската асоцијација на весници (WAN) деновиве преку Ројтерс ја отворија проблематичната практика на google.news и компанија за “крадењето ” на туѓа содржина …повеќе

Тие креираат нови медиуми на грбот на развиената индустрија, а таа (сирота) не добива ништо. На ум им паѓаат неколку радикални мерки, како уредување на оваа пракса со закон, или блокирање на своите вести кои се објавени на интернет. …повеќе

На овие ставови остро се спротивставува доајенот Steve Outing и истакнува дека законската регулатива ни од далеку не е решение, и посочува дека овие сервиси не и носат големи загуби на оваа индустрија туку напротив уредниците и издавачите треба да гледаат малку пошироко.

Извор: E-Media Tidbits; YahooNews


Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тешка музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in Media, New Media. Bookmark the permalink.

Коментирај!