Media & Marketing Blog

Интегрирана онлајн комуникација за непрофитни организации

Повеќе години сум вклучен во работата на непрофитните организации или кај нас попознати како невладини организации. Од досегашното искуство можам да кажам дека или воопшто или малку ги користат предностите на онлајн медиумите и онлајн комуникацијата (без разлика дали е еднонасочна или двонасочна). Со овој запис сакам да најавам серија од записи кои ќе се однесуваат на тоа како непрофитните организации полесно да ја сфатат предноста на новите и социјалните медиуми и како ефикасно да ги користат. Ќе посветам посебно внимание на употребата на мобилната технологија и кампањи преку споделување на искуството кое го стекнав преку креирање и спроведување на првата глобална СМС кампања во светот за потребите на 350.org. Следниов запис не се однесува на оние кои ги следат овие теми подолго време и се запознати со нив.

Кај нас има организации или поединци од тие организации кои разбираат што значи „статичен веб“, „динамична содржина“, „содржина креирана од корисници“ и „семантички веб“, но многу од непрофитните организации и нивните членови не го зборуваат или разбираат овој јазик. Затоа, ќе се обидам со едноставни дефиниции и интерпретации да кажам што е Web 1.0, Web 2.0 и Web 3.0:

Web 1.0 = Интернет страници, информатори испратени по електронска пошта и „Донирај“ копчиња.

Web 1.0 е еднонасочна комуникација. Обично едно лице или мала група од луѓе создаваат содржина и ја испраќаат до голем број на луѓе преку интернет страници или информатори испратени по електронска пошта. Процесот на донирање не е интерактивен или јавен. По донација обично добивате „Ви благодарам“ по електронска пошта.

Web 2.0 = Блог, вики и интернет страни за социјално вмрежување.

Суштината на Web 2.0 е почетокот на двонасочната комуникација во јавниот онлајн простор. Луѓето можат да коментираат и да разговараат со вас и сето тоа е јавно. Сите можат да ја видат и прочитаат дискусијата.  Едно лице или група од луѓе креираат и испраќаат содржини до многу луѓе преку интернет страниците за социјално вмрежување кои после тоа ја реобјавуваат твојата содржина за нивните пријатели, фанови, врски и истомисленици. Донирањето е јавно. Пријатели, фанови, истомисленици итн. на интернет страниците за социјално вмрежување можат да ја видат твојата донаторска активност преку разни апликации и алатки.

Web 3.0 = Интернет страници оптимизирани за мобилни телефони, СМС кампањи и апликации и алатки за мобилни телефони.

Web 3.0 е очекување дека интернетот повеќе не е стационарен и ограничен на вашиот компјутер или пренослив компјутер. Интернетот можеш да го понесеш со себе на твојот мобилен телефон. Интернет страниците за мобилен телефон треба да бидат дизајнирани да може лесно да се читаат на мобилните телефони. СМС кампањите функционираат како информаторите испратени преку електронска пошта, за да привлечат што е можно повеќе посетители на вашата интернет страница. Апликациите и алатките за мобилни телефони овозможуваат содржините да бидат објавени и споделени во од, веднаш.

Web 1.0 + Web 2.0 + Web 3.0 = Интергрирана онлајн комуникација

Она што треба да го разберете е дека сите три ери на интернет се комплементарни и повеќе се надоградуваат една врз друга, отколку да се исклучуваат. Исто така може и да се преклопуваат. Нема „една за се“ комуникациска алатка. Годините, социјалниот статус, полот и локацијата може да влијае на тоа како луѓето сакаат да ја примат информацијата. Добрата вест е што сите овие алатки ви се достапни. Со поголем труд вложен дури и кампањите преку мобилни телефони можат да се остварат. Web 3.0 ќе ги организира луѓето на начин каков што не сме виделе порано, преку геолокација, СМС групи и интернет страници за мобилни телефони и многу од ова ќе биде направено преку Facebook, Twitter и алатките за мобилен телефон како FourSquare.

Оргиналниот запис тука.

3 коментари на “Интегрирана онлајн комуникација за непрофитни организации”

  1. kihuПотру

    одлично срочено, како на брзинка напишано..но сепак нафрлени најважните, базични, основни информаци..

  2. Mite Kuzevski

    Целта на текстот е да биде едноставен. Да не го зборува јазикот на оние кој ја следат темава туку на оние кои не знаат доволно, а или сакаат или пак им е потребно да користат онјалн комуникација и промоција на своите цели, мисии и програми.

    Ќе следат записи кои ќе бидат поконкретни и подлабински. Со овој сакам само да го привлечам вниманието на невладините организации за можноста која е тука, а не ја користат.

  3. Tweets that mention Интегрирана онлајн комуникација за непрофитни организации | К О М У Н И К А Ц И И -- Topsy.com

    […] This post was mentioned on Twitter by Jane Gjorgjioski, Kihu Potru, IT.com.mk, Galina, Igor Trajkovski and others. Igor Trajkovski said: @darko156 http://bit.ly/bXXwzc "Web 3.0 = Интернет страници опт.за моб. тел., СМС кампањи и апл. и алатки за мобилни тел." Ne e toa Web 3.0 […]

Коментарите се затворени.