Без пардон, a и без усул

Ја гледав „премиерно“, а потем и репризно емисијата „Без пардон“ на МТВ1 (ма ич не ставам ни линкови). Фини гости, фини теми, убаини, ш’о да кажеш. Што паметен и бистар народ се збрал, бравос за новинарката, која ја почитувам, btw. Покрај низа теми од широкиот и интересен спектар од сферата на медиумите се спомнаа блоговите.

Ме чуди како нема никаква реакција, или барем јас не знам за неа, ако има нешто благодарам за каква било информација на темава. Она што се рече за блоговите за мене беше, и благо и слатко кажано, „тропање глупости“ (грандиозен еуфемизам во наводнициве). Роберто си Беличанец, кој знае симплицистички да тропа поприлично без многу пардонирање гебелсовски кажа „70-80% од блоговите се ѓубре, од кое пола се расистичко ѓубре“. Него и ќе го премолченв, но потоа се надоврза и Сашо Орданоски (екс-Форум, карентли Транспарентност Македонија), прафразисам, „(се согласувам со) она што го кажа Роберто, новинарството (сепак) е занает“. Како никој не се побунтува, остана како неофицијален заклучок и став искажан на јавниот сервис во поглед на блогерството „Блоговите се ѓубре!“. Па за овакви ли претплата?

Можеби и игнорирањето на овие докажани а игнорантни господа сепак е најдоброто решение, луѓе кои од дрвјата не ја гледаат шумата веројатно не ни завреднуваат дебата на тема која очигледно не ја разбираат. А вековно испробаниот рецепт на малограѓанската псевдо-логика, е „она што не го разбираш, плукај го“. Нека живеат и живуркаат во својот новинарски свет, а ја ќе си спомнам во стил, кога некој за 100 години можеби ќе прочита (ако не не замава планетата која ни се приближува во 2012 :) за која Миленко зборуваше петок вечер) 10 поста и 10 новинарски статии од што повеќе ќе дознае како сме живееле сега и овде?


sead93

Сеад е магистер по комуникации кој проучувањата во комуникациската наука ги фокусира на популарната култура, новите медиуми и пропагандата. Издал две книги збирки културолошки есеи (двете во 2002) и редица текстови во неколку списанија во земјата и надвор од неа (Lettre International, Наше писмо, Блесок, Културен живот, Разгледи, Balcanis…). Со својата смисла за хумор, неуморно „им го прави денот” на голем број интернет корисници.
This entry was posted in Local, Media. Bookmark the permalink.

43 коментари на "Без пардон, a и без усул"

Коментирај!