Има ли уредник во медиумот?

Дали некогаш, не не, вака, Колку често имаме прилика да видиме како еден медиум не го уредуваат уредниците, туку маркетинг одделот?

Еднаш, од еден друг, малку помек, аспект го разгледував ова, ама неделава во очи ми падна еден срамен текст во одново родениот ни наш дневен весник Време.

Вака изгледа текст едитиран од маркетинг “уредник”:

Минатата година е рекордна според бројот на продадени нови возила. Македонските граѓани лани купиле вкупно 14.348 нови возила, што претставува речиси тројно зголемување на продажбата во споредба со 2003 година. Дури 80 проценти од возилата се купени на лизинг или на кредит, а само 20 проценти се платени во готово. Најпродавани се малите возила и возилата од средната класа. Според потеклото, германските, а според типот „ хечбек“ со пет врати, на бензин. Најбарани се возилата со помала зафатнина на моторот, за кои акцизните давачки се најмали. Продажбата е во постојан пораст. Во однос на 2006 година, лани зголемувањето е 17 проценти, но и тоа не е доволно да ја помести Македонија од последната позиција во регионот по тргувањето во автомобилскиот бизнис. – Македонија заостанува според процентот на население во однос на пазарот. Во Словенија со 2 милиони население се продаваат 80.000 возила годишно, кај нас не можеме да стасаме до бројка од 15.000 – велат од Здружението на увозници. Возниот парк се подновува. Од улиците го снемува автомобилскиот крш, граѓаните купуваат нови автомобили, но и стари, половни автомобили, увезени од странство. Секој се снаоѓа според стандардот. Во битката по клиенти, увозниците се почесто ги ангажираат и естрадните ѕвезди, речиси нема популарен пејач што не вози некоја од познатите автомобилски марки што се увезуваат во земјава.

Не се спомнува ниту една марка, ниту најпродавам модел, ниту зафатнина ниту боја , ниту поединечна листа. Причита е едноставна ако се спои текстов со насловната фотографија.

Vreme, naslovna

Не смее да се спомне ниту една марка за да не се направи бесплатна реклама, а фактот што истата таа зголемена продажба го зголемува буџетот кои истите тие фирми го торшат во истите тие весници не е важен. А фактот дека читателите сакаат информации а не топла вода исто така не е важен.

Како и да е компромисни решенија има. Ова не е добро за индината на нашиве весници и магзини. Вака не се гради читателска доверба, а таа еден ден ќе резултира со повеќе, поскапи реклами.

Ама кој да мисли на долги патеки. Кај нас едноставно не се знае дали следната недела ќе има пак Време, а не па сеа ќе му ја мислат за долгорочна политика на градење редовна читателска публика.


About Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тека музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in local, print. Bookmark the permalink.

7 коментари на "Има ли уредник во медиумот?"

Коментирај!