Media & Marketing Blog

Дали Apple iPad може да влијае на новинската индустрија?

Верувам дека веќе не постои интернет корисник кој не слушнал дека Apple извадија нов уред , таблет, кој го нарекоа iPad. Мајсторите успеаја, повторно, добро да ја загреат атмосферата пред официјалната објава која и самата беше настан кој предизвика голем интерес. Немам намера да давам мои оценки или предвидувања за уредов. Сите технички детали барај ги на официјалната страна на Apple/iPad. Она што сакам да го споделам во овој пост се неколку размислувања или подобро речено предвидувања како овој зголемен iPod ќе влијае во поглед на идниот развој на медиумската содржина.

Индустријава која произведува вести веќе некое време е во паника, а на овој уред некои се осмелија да погледнат и како на потенцијален спасител. Сепак, предизвикот е пред нас. Еве неколку преземени предвидувања во различна насока од неколку различни угледни имиња. Најтопло замолувам да кликнеш на изворот за да го прочиташ целиот текст, зошто некои од извадоците се извадени од контекст и може да предизвикаат погрешно толкување.

Joshua Benton is director of the Nieman Journalism Lab:
So it’s called the iPad: Five thoughts on how it will (and won’t) change the game for news organizations

— It will have a real impact on consumer behavior.
— I don’t think the iPad changes the paid-content equation. …But the iPad, as we know it today, doesn’t change any of the fundamental economics of news commerce. …The only thing that has changed is the size, and that big beautiful screen. Will people who weren’t willing to buy news on an iPhone be sold on the idea just because the text is bigger and the photos are prettier? I’d be surprised. The commerce proposition hasn’t changed.
— The magazine subscription model even seems like a natural match for something like the Season Pass you can buy for TV shows in iTunes. But magazines weren’t mentioned at all. Several magazines have moved in the one-iPhone-app-per-issue direction, and those apps will be much more impressive on the big screen, but magazines are in the same boat as newspapers: waiting for the iPad ecommerce revolution to arrive.

Robert Niles works as a journalist and website editor.
Will Apple’s iPad save the news industry?

…after a decade and a half of online production, most newsrooms haven’t substantially changed their print-focused production process. It’s hard for me to imagine that the iPad coming along will now force that change, when Web browsers and smart phones didn’t in the past.

…Neither iPads, nor paywalls, nor government subsidies will long save a publication that too few care to read. Is your news business in trouble? Quit longing for saviors, and start producing better content.

Luke Hayman, designer of, among others, Time, New York, and Travel + Leisure
Five ways the iPad will change Magazine Design

— A reversal of a decades-long trend. …The iPad represents the first time this trend has been reversed. Instead of smaller, more low-res content, we have the chance to get bigger, brighter, sharper content. Designers used to making it smaller may have trouble learning to go the other way.”
— A new way of telling stories. …Editors have been telling us for years that people won’t read long stories online. Yet they will read 1,000-page novels on their Kindles. What will they be willing to read on their iPad? I predict the return of long-form journalism. At the same time, visual storytelling will take deeper, richer forms.

Steve Yelvington, lifelong journalist and now a strategist for a media company
Regarding the iPad, I am Dr. Buzzkill

It’s certainly no savior for newspapers. What are you going to do, kill your website and sell your “publication” in the App Store? Nonsense. The iPad doesn’t change the economic equation. You aren’t prevented from selling your content by lack of technology and tools; you’re prevented by a lack of market demand.

Eliot Van Buskirk, Wired
Can Apple’s iPad Save the Media After All?

So, the question will turn on two issues: Will publishers get to control the customer relationship to a greater extent than has been possible with iTunes? And will publications be the kind of shiny eye candy that advertisers crave, but now delivered on a bright, crisp, LED-backlit touchscreen instead of heavy-stock glossy paper.

The answers are mixed, simply because this versatile device offers the same myriad distractions as the average computer does, or maybe even more. In order for anything to succeed on a platform like that, it will need to be perfectly designed and contain top-notch content with interactive features and automatic updates wherever they make sense (in magazines, perhaps, but perhaps not in books).

…Our own parent company Condé Nast is preparing a number of iPad e-zine subscriptions, including GQ, Wired magazine and Vanity Fair, sources tell Wired.com.

Некаде на пола пат, пишувајќи го овој блог пост наидов на листа на написи на истава тема собрани од CyberJournalism.net, и на мое задоволство оваа листа го содржеше сите извори кои ги имав планирано, и секако плус уште некои… затоа трк и таму и кликај и читај ако те интересираат уште ставови на темава: Will the iPad save the news business?

Секако, ако имаш свој… коментарите се отворени!

UPDATE: Jay Rosen (NYU teacher and media critic) on Media after the iPad (10x @kuzevski)

5 коментари на “Дали Apple iPad може да влијае на новинската индустрија?”

  1. Anonymous

    Има еден Марфиев закон, вели „Грам имиџ = килограм способности“. Мислам дека Apple е баш таква компанија, има многу килограми имиџ, а малку вистински вредности. И сега дури и во Македонија се разви дебата дали iPad ќе ја спаси новинската индустрија.

    Вистината најверојатно е дека тој уред нема да има никакво влијание, бидејќи суштината на проблемите кај новинската индустрија е тоа што тие го имаат вниманието на публиката, имаат голем број на редовни посетители на сајтовите но, нема бизнис модел што таа посетеност ќе ја претвори во пари.

    Јас не гледам како може еден упред што го произведува една компанија и што ќе го има околу 5% од популацијата во САД и 0,5% од популацијата во светски рамки може да влијае на тоа.

  2. Darko Buldioski

    Имаш право Стеван, но ако погледнеш неколку години наназад и видиш како таа иста компанија влијаеше на пресврт во музичката и индустријата за производство на мобилни телефони… не знам дали би можел така лесно без колебање да ги тврдиш овие работи.

    Патем, ова ни од далеку нема да има никакво влијание во МК. Може само некое ехо во рангот на имиџот кој го спомнуваш да се види…. инаку далеку сме ние од овие дискусии да ги водиме за наш пазар. Ама ете интернетов ни дава шанса да се брцнеме малку во тие таму нивните дискусии 🙂

  3. дамјан

    Apple и не предизвика некои посебни промени во индустријата за производство на мобилни телефони.

    Да имаат успешен производ, ги натераа другите фирми да бидат поагилни, но во самата индустрија не се смени многу.

    Android од друга страна предизвикува многу поголеми промени во индустријата, ретко кога толку голем број произведувачи застанале позад една иста платформа.

    А за IPad… мене лично ми се чини како непрактичен за читање, посебно што било кој уред со екран со позадинско осветлување (т.е. класичен LCD) е напорен за очите.

    e-Paper уредите како Kindle, Nook и милион други се далеку попрактични замени на весник – а тек ќе видиме нивен развој.

    Единствена предност на IPad-от пред горните е гледање видео материјал и сурфање… но па за тоа било кој netbook – а ги има многу да си го избереш најзгодниот – е подобра опција.

    На крајот што останува… Apple brand-от и reality distorsion field-от на Steve Jobs што ги тера луѓето како авторот на постов да сонуваат дека Apple „повторно“ нешто револуционерно прави 🙂

  4. Darko Buldioski

    хахаха…. не верувам дека со iPod направиле нешто револуционерно бе… напротив. 🙂

    а за Android да, и тој прави промена… тој прави промена од друг агол.

    Патем, iPad не e netbook, ако се обидува да биде.. гадно се заебал 🙂

  5. Мартин/moondow

    Кога излезе iPhone-от имаше epic приказни и од инженери од софтверскиот тим, и од тие од хардверскиот тим, за како бил дизајниран, како дури до последниот ден не знаеле на што работат, колку непреспани ноќи имале и притисоци од Стив Џобс, како правеле непрекидни тестови да не зрачи телефонот, како дури ни фамилијата на Стив не знаела што носи он дома кога таму го тестирал iPhone-от… додека за iPad-ов има само бранења дека ќе биде добар продукт и ќе смени многу работи.

    Трудот за креација на овој уред мислам дека не е нешто многу поголема од тој што го вложуваат во еден MacBook.

Коментарите се затворени.