Media & Marketing Blog

Има ли уредник во медиумот?

Дали некогаш, не не, вака, Колку често имаме прилика да видиме како еден медиум не го уредуваат уредниците, туку маркетинг одделот?

Еднаш, од еден друг, малку помек, аспект го разгледував ова, ама неделава во очи ми падна еден срамен текст во одново родениот ни наш дневен весник Време.

Вака изгледа текст едитиран од маркетинг “уредник”:

Минатата година е рекордна според бројот на продадени нови возила. Македонските граѓани лани купиле вкупно 14.348 нови возила, што претставува речиси тројно зголемување на продажбата во споредба со 2003 година. Дури 80 проценти од возилата се купени на лизинг или на кредит, а само 20 проценти се платени во готово. Најпродавани се малите возила и возилата од средната класа. Според потеклото, германските, а според типот „ хечбек“ со пет врати, на бензин. Најбарани се возилата со помала зафатнина на моторот, за кои акцизните давачки се најмали. Продажбата е во постојан пораст. Во однос на 2006 година, лани зголемувањето е 17 проценти, но и тоа не е доволно да ја помести Македонија од последната позиција во регионот по тргувањето во автомобилскиот бизнис. – Македонија заостанува според процентот на население во однос на пазарот. Во Словенија со 2 милиони население се продаваат 80.000 возила годишно, кај нас не можеме да стасаме до бројка од 15.000 – велат од Здружението на увозници. Возниот парк се подновува. Од улиците го снемува автомобилскиот крш, граѓаните купуваат нови автомобили, но и стари, половни автомобили, увезени од странство. Секој се снаоѓа според стандардот. Во битката по клиенти, увозниците се почесто ги ангажираат и естрадните ѕвезди, речиси нема популарен пејач што не вози некоја од познатите автомобилски марки што се увезуваат во земјава.

Не се спомнува ниту една марка, ниту најпродавам модел, ниту зафатнина ниту боја , ниту поединечна листа. Причита е едноставна ако се спои текстов со насловната фотографија.

Vreme, naslovna

Не смее да се спомне ниту една марка за да не се направи бесплатна реклама, а фактот што истата таа зголемена продажба го зголемува буџетот кои истите тие фирми го торшат во истите тие весници не е важен. А фактот дека читателите сакаат информации а не топла вода исто така не е важен.

Како и да е компромисни решенија има. Ова не е добро за индината на нашиве весници и магзини. Вака не се гради читателска доверба, а таа еден ден ќе резултира со повеќе, поскапи реклами.

Ама кој да мисли на долги патеки. Кај нас едноставно не се знае дали следната недела ќе има пак Време, а не па сеа ќе му ја мислат за долгорочна политика на градење редовна читателска публика.

8 коментари на “Има ли уредник во медиумот?”

  1. GoodBytes

    Работата е уште пострашна ако се погледне конструкцијата на речениците, и од граматичка и од семантичка гледна точка. Текстов е за двојка, ако си петто одделение.

    Ова не е проблем само во овој текст или овој медиум – сите, па и печатените медиуми се мачење да ги слушаш или читаш. Половина од времето го трошам за да го испарсирам значењето на речениците, а другата половина се нервирам зошто сум прочитал нешто толку несредено и нелогично, а камоли лекторирано.

    Јас да сум им шеф, ќе им давам лектири да читаат, секоја година по барем 3. И после ќе пишуваат писмена работа за ликовите и делата во нив. 😉

  2. Глиша

    И насловната слика е реклама пошто тоа е студентското возило што го правеа на Машински факултет и реклама да се запишуваат студенти на машински, незнам како им се протнала и таа слика.

  3. dasaf

    можно е и тука да се сместила политиката. ако некој авто-дилер е близок со една партија, а друг со друга да не се расипе неутралноста на Време 😉

    финтата изгледа е што не успеале да издејствуваат пари од дотичните дилери, со што статијата би имала и прикриено комерцијално влијание, иако сум целосно против таквиот начин на работење кој го приметувам кај нас.

    брате ако правиш истражување и ако со тоа истражување утврдиш дека сеат леон е најпродавано возило кажи го тоа, не за џабе си истражувал. а не дрн дрн податоци – потрошувачката растела. па нормално дека ќе расте…

  4. darko156

    Dasaf, не е ова истражување на Време, ова се податоци од здружението на импортери, таа е официјална бројка.

    Ако не е од нив тогаш би требало да биде од завод за статистика, или мвр или царинска управа.

  5. dasaf

    да, не сум го приметил тоа во текстот. ама не е некое оправдување да не се објават конкретните податоци.

  6. Јован

    Ова многу често се практикува во нашиве медиуми… работам во еден (не тој од линкот) каде доста работи не се кажуваат или се затскриваат како во текстот на Време со цел да не се направи бесплатна реклама…

    Се скокаат и цели настани со кои би требало да се гордееме дека се случиле и всушност го одбележале летово на пример само поради тоа што организаторите не платиле за реклама во медиумот.

    Не е се во парите… 😛

  7. Perlengkapan bayi

    Wow, awesome blog layout! How long have you been blogging for? you make blogging look easy. The overall look of your website is magnificent, let alone the content!. Thanks For Your article about Има ли уредник во медиумот? | К О М У Н И К А Ц И И .

Коментарите се затворени.